﻿1
00:00:05,400 --> 00:00:08,500
На средина на чилеанската пустина Атакама.

2
00:00:09,300 --> 00:00:15,000
Телескопите на опсерваториите на ЕЅО започнуваат со своите опсервации со заоѓањето на Сонцето.

3
00:00:17,000 --> 00:00:20,000
Одненадеж се појавува чуден феномен во далечината.

4
00:00:21,000 --> 00:00:22,000
Што може да биде тоа?

5
00:00:23,000 --> 00:00:25,000
Да погледнеме од близу!

6
00:00:30,000 --> 00:00:32,000
Ова е ESOcast!

7
00:00:32,400 --> 00:00:40,000
Современа технологија и животот зад сцената во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

8
00:00:51,000 --> 00:00:57,000
Датумот е 20 - ти Јануари 2015 година, а Петр Хоралек, фото амбасадорот на ЕЅО

9
00:00:57,000 --> 00:01:01,000
ја фотографира убавината на Млечниот пат од опсерваторијата Ла Сила.

10
00:01:04,000 --> 00:01:11,000
Одненадеж се појавуваат краткотрајни црвени светлини над хоризонтот.

11
00:01:18,000 --> 00:01:21,600
Во исто време, речеси на 600 километри од Ла Сила,

12
00:01:22,000 --> 00:01:27,000
беснее невреме над северна Аргентина.

13
00:01:30,000 --> 00:01:32,500
Насочувајќи го фото апаратот кон светлините,

14
00:01:33,000 --> 00:01:38,500
Петр ги снимил ретките и специфични појави наречени Црвени Виленици.

15
00:01:40,000 --> 00:01:45,000
Со тоа тој станал еден од малкуте луѓе кои успешно ги снимиле

16
00:01:45,000 --> 00:01:50,000
и воедно тоа претставува прв пат тие да бидат снимени од една голема опсерваторија.

17
00:01:54,000 --> 00:02:01,000
Една недела подоцна, Петр патувал далеку на север за да го сними ноќното небо над опсерваторијата Паранал на ЕЅО.

18
00:02:06,000 --> 00:02:08,000
Неколку часа пред изгрејсонце,

19
00:02:08,000 --> 00:02:13,000
за втор пат ги видел овие чудни светлини над Андите.

20
00:02:15,000 --> 00:02:22,000
Од гледна точка на Петр, тие изгледале како да доаѓаат од правец на Млечниот пат.

21
00:02:25,000 --> 00:02:30,000
Но тие всушност потекнувале од сложени бури над Аргентина,

22
00:02:31,000 --> 00:02:33,000
на повеќе од 600 километри оддалеченост од Паранал.

23
00:02:35,000 --> 00:02:42,000
Бурите биле толку силни што Петр можел да ги гледа и сними во друго светло.

24
00:02:42,000 --> 00:02:47,000
Високо во атмосфера, овие бури создале гравитационите бранови

25
00:02:47,000 --> 00:02:51,000
и бранови во зелениот слој од виленикот.

26
00:02:53,000 --> 00:02:57,000
Но какви се овие интересни виленици?

27
00:03:05,000 --> 00:03:10,400
Во бурите, најголем дел од празнењата облак - земја се наречени негативни громови

28
00:03:10,500 --> 00:03:14,000
бидејќи вршат трансфер на негативно празнење до земјата.

29
00:03:15,000 --> 00:03:19,000
Многу мал дел од сите празнења се позитивни громови облак - земја,

30
00:03:19,000 --> 00:03:24,000
кои вршат трансфер на позитивни празнења од облакот до земјата.

31
00:03:25,000 --> 00:03:28,600
За 10 пати посилни од негативните громови,

32
00:03:29,000 --> 00:03:35,000
позитивните громови изгледаат како причина за појавата на црвените виленици во земјината атмосфера.

33
00:03:40,000 --> 00:03:46,000
Црвените виленици се манифестација на сложени електрични процеси кои се појавуваат на висока надморска височина.

34
00:03:46,000 --> 00:03:49,500
Тие се појавуваат и излегаат како да танцуваат на темното ноќно небо,

35
00:03:50,000 --> 00:03:55,000
како црвени фигури изградени од топчиња, облачиња и ластари на светлина.

36
00:03:56,000 --> 00:04:01,000
Овие необични светлини се создаваат на надморска височина од 90 километри

37
00:04:01,000 --> 00:04:07,000
и ја добиваат нивната карактеристична црвена боја од наелектризираните азотни молекули во атмосферата.

38
00:04:09,000 --> 00:04:14,000
Црвените виленици за прв пат биле теоретски предвидени во 1925 година

39
00:04:14,300 --> 00:04:18,000
од шкотскиот физичар Чарлс Вилсон.

40
00:04:18,600 --> 00:04:24,400
Но се до 1989 година научниците од Универзитетот во Минесота

41
00:04:24,500 --> 00:04:31,000
успеале за прв пат да ја направат првата фотографија од виленик, додека снимале аурори.

42
00:04:32,000 --> 00:04:37,000
За само неколку години подоцна, опсерваторијата Комптон на НАСА која трага по гама зраци

43
00:04:37,000 --> 00:04:42,000
успеала да открие експлозии на гама зраци над бурите

44
00:04:42,000 --> 00:04:47,000
друга последица на громовите во ниските делови на атмосферата.

45
00:04:48,000 --> 00:04:51,000
Астронаутите имаат подобра гледна точка од Вселената

46
00:04:52,000 --> 00:04:57,000
и тие исто така ги имаат снимено вилениците со помош на обични камери.

47
00:04:57,000 --> 00:05:02,600
Погледнато од Вселената, вилениците се појавуваат за кратко веднаш по појавата на громовите.

48
00:05:03,000 --> 00:05:09,000
На оваа слика направена од Вселената се снимени виленикот и громот.

49
00:05:12,000 --> 00:05:17,000
Постојат повеќе различни видови на светлини кои се појавуваат во високите слоеви на земјината атмосфера,

50
00:05:17,000 --> 00:05:21,000
познати како високо - слојни громови.

51
00:05:25,000 --> 00:05:32,000
Научниците шпекулирале дека слични феномени можат да се случуваат во останатите планети во Соларниот систем.

52
00:05:33,000 --> 00:05:39,000
Црвените виленици се можеби најфотографираните светлински феномени во горните слоеви на земјината атмосфера,

53
00:05:39,000 --> 00:05:43,000
но тие можат да изгледаат затемнети кога ќе бидат снимени со камера.

54
00:05:43,000 --> 00:05:49,000
Дополнително, точното време и локација на нивната појава на небото не може да се предвиди.

55
00:05:50,000 --> 00:05:54,000
Тие се појавуваат над силни и големи бури,

56
00:05:54,000 --> 00:05:56,000
но само за кратко.

57
00:05:56,500 --> 00:06:00,000
Овие фактори ги прават да бидат тешки за снимање и проучување.

58
00:06:01,000 --> 00:06:03,000
Црвените виленици остануваат мистериозни,

59
00:06:04,000 --> 00:06:09,000
и секоја нова слика од нив е важна за научниците кои се обидуваат да ги проучат овие потајни виленици

60
00:06:09,000 --> 00:06:12,000
кои танцуваат над бурите.

61
00:06:12,000 --> 00:06:21,000
ЕЅО дава свој мал придонес кон оваа инстригантна загатка од земјината атмосфера...

62
00:06:42,851 --> 00:06:46,551
Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.

