﻿1
00:00:04,000 --> 00:00:08,000
Потрагата по вонземски светови надвор од нашиот Соларен систем

2
00:00:08,000 --> 00:00:13,000
е една од највозбудливите и впечатливи полиња во модерната астрономија.

3
00:00:13,000 --> 00:00:18,000
Еден нов и уникатен проект ќе и овозможи на јавноста да ѕирне зад сцените

4
00:00:18,000 --> 00:00:22,000
и да ја следи потрагата по планети како што тече.

5
00:00:26,000 --> 00:00:36,000
Ова е ЕЅОcast! Современа технологија и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

6
00:00:47,000 --> 00:00:54,000
На 4.2 светлосни години од Земјата во соѕвездието Кентаур лежи ѕвездата Проксима Кентаур.

7
00:00:55,000 --> 00:01:02,000
Оваа мала и помалку сјајна ѕвезда е една од 160 - те милијарди црвени џуџиња во Млечниот пат.

8
00:01:02,000 --> 00:01:09,000
Но ова црвено џуџе е посебно. Тоа е најблиската ѕвезда до нашето Сонце.

9
00:01:10,000 --> 00:01:13,000
Како наш најблизок ѕвезден сосед,

10
00:01:13,000 --> 00:01:20,000
Проксима Кентаур била исцрпно истражена со земјините и вселенските телескопи.

11
00:01:20,000 --> 00:01:29,000
Примамливо. но несигурно, се смета дека околу оваа ѕвезда орбитира вонземски свет.

12
00:01:29,000 --> 00:01:37,000
Новиот и возбудувачки проект наречен Светло - сината Точка

13
00:01:37,000 --> 00:01:44,000
ќе спроведе поинтензивна потрага за оваа планета налик нашата Земја.

14
00:01:48,000 --> 00:01:56,000
Клучните аспекти на оваа кампања ќе бидат изведени со помош на телескопот со голема прецизност за потрага по планети со помош на странична брзина на Европската Јужна Опсерваторија

15
00:01:56,000 --> 00:02:03,000
или (HARPS) кој е прикачен на 3.6 - метарскиот телескоп Ла Сила на Европската Јужна Опсерваторија.

16
00:02:05,000 --> 00:02:11,000
Овој исклучително прецизен спектрограф ќе го следи движењето на Проксима Кентаур,

17
00:02:11,000 --> 00:02:16,000
барајќи го ефектот на гравитационата тежа врз егзо - планетата,

18
00:02:16,000 --> 00:02:20,000
кој ја принудува ѕвездата да се движи напред - назад.

19
00:02:20,000 --> 00:02:27,000
Ова мало движење може да биде откриено со помош на HARPS преку следење на страничната брзина.

20
00:02:28,000 --> 00:02:33,000
Но, ѕвездената активност може само да имитира присуство на планета. За да го земе ова во предвид,

21
00:02:33,000 --> 00:02:38,000
мерењата на HARPS ќе бидат дополнети со податоци од други телескопи ширум светот,

22
00:02:38,000 --> 00:02:42,000
вклучувајќи ја глобалната телескопска мрежа Опсерваторија Лас Кумбрес

23
00:02:42,000 --> 00:02:49,000
и оптичкиот опсерватор за транзитни системи и експлозии (BOOTES).

24
00:02:51,000 --> 00:02:56,000
Опсервациите ќе бидат спроведени помеѓу Јануари и Април 2016 година.

25
00:02:56,000 --> 00:03:04,000
Блог објави и објави на социјалните медиуми во текот на овој период ќе ги откриваат последните откритија добиени со опсервациите

26
00:03:04,000 --> 00:03:11,000
и ќе обезбедат ретка можност да се види како науката се реализира во современите опсерватории.

27
00:03:13,000 --> 00:03:20,000
Но не очекувајте од астрономите веднаш да Ви кажат дали Проксима Кентаур има егзо - планета.

28
00:03:20,000 --> 00:03:24,000
Одговорот ќе дојде по неколку месечна работа

29
00:03:24,000 --> 00:03:28,000
и откако резултатите ќе бидат разгледани од други астрономи.

30
00:03:28,000 --> 00:03:31,000
Вака функционира науката.

31
00:03:32,000 --> 00:03:35,000
За да ја следите кампањата за опсервација во живо

32
00:03:35,000 --> 00:03:43,000
посетете го веб сајтот или твитер профилот на Pale Red Dot и следете го хаштагот #PaleRedDot.

33
00:03:47,000 --> 00:03:51,000
Никој не знае што можат  да откријат опсервациите.

34
00:03:51,000 --> 00:03:56,000
Но патувањето често пати може да биде поинтересно од крајната дестинација.

35
00:03:56,000 --> 00:04:04,000
Затоа придружете ни се во нашиот обид да направиме уште еден историски чекор напред во откривање на најголемото прашање:

36
00:04:04,000 --> 00:04:08,000
Дали сме сами?

37
00:04:13,000 --> 00:04:22,000
Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски

