﻿1
00:00:04,000 --> 00:00:10,000
Пред 25 години не била откриена ниту една планета надвор од Соларниот систем.

2
00:00:10,000 --> 00:00:18,000
Денес за среќа знаеме дека постојат илјадници вакви планети и истите се проучени до најситниот детал.

3
00:00:19,000 --> 00:00:25,000
Опсерваториите на ЕЅО во Чиле се на браникот на проширувањето на ваквото научно знаење.

4
00:00:25,000 --> 00:00:29,000
Нивните врвни инструменти продолжуваат да откриваат

5
00:00:29,000 --> 00:00:34,000
и да го проучуваат мноштвото од егзопланети (планети надвор од Соларниот систем, н.з).

6
00:00:38,000 --> 00:00:49,000
Ова е ESOcast! Врвна технологија и животот зад кулисите во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

7
00:01:01,000 --> 00:01:06,000
Гледајќи кон ноќното небо, луѓето во текот на историјата се прашувале дали постојат планети

8
00:01:06,000 --> 00:01:10,000
- а особено планети кои поддржуваат услови за живот - надвор од Соларниот систем.

9
00:01:11,000 --> 00:01:16,000
Астрономите си ги поставувале истите прашања, но и многу други.

10
00:01:17,000 --> 00:01:19,000
Дали планетите се вообичаена или ретка појава?

11
00:01:19,000 --> 00:01:24,000
Дали тие се слични на планетите од Соларниот систем или се целосно различни?

12
00:01:25,000 --> 00:01:28,000
До скоро,

13
00:01:28,000 --> 00:01:34,000
техниките на набљудување не биле доволно напредни за да дадат одговор на овие прашања.

14
00:01:35,000 --> 00:01:39,000
Во 1995 година сето тоа се променило преку ноќ.

15
00:01:39,000 --> 00:01:43,000
Била откриена првата егзопланета која орбитира околу ѕвезда налик нашето Сонце.

16
00:01:44,000 --> 00:01:51,000
Ова историско откритие било направено од женевските астрономи Мајкл Мејор и Дидие Келоз

17
00:01:51,000 --> 00:01:54,000
околу ѕвездата 51 Пегаз.

18
00:01:56,000 --> 00:02:01,000
Егзопланетата била наречена 51 Пегаз б со маса еднаква на половина од масата на Јупитер

19
00:02:01,000 --> 00:02:06,000
и истата правела една ротација околу својата ѕвезда за приближно 4 земјини денови.

20
00:02:07,000 --> 00:02:09,000
Но ова било само почетокот.

21
00:02:09,000 --> 00:02:13,000
Ова откритие причинило лавина од последователни откритија.

22
00:02:13,000 --> 00:02:20,000
Илјадници егзопланети со различни големини и орбити биле откриени до сега.

23
00:02:21,000 --> 00:02:27,000
Голем дел од овие откритија се направени во опсерваториите на ЕЅО во Чиле.

24
00:02:28,000 --> 00:02:32,000
Но, потрагата по егзопланети претставува сериозен предизвик.

25
00:02:32,000 --> 00:02:38,000
Овие непознати светови се кријат во сенка, притоа емитирајќи многу малку или не емитирајќи светлина.

26
00:02:38,000 --> 00:02:44,000
Секоја светлина која ја емитираат е засенена од сјајноста на ѕвездата околу која орбитираат.

27
00:02:45,000 --> 00:02:51,000
Сепак, со користење на напредни методи на набљудување може да се откријат ваквите планети.

28
00:02:52,000 --> 00:03:00,000
Слабата гравитациона влеча на егзопланетата во орбита ја тера ѕвездата околу која орбитира да се клати.

29
00:03:00,000 --> 00:03:04,000
Овие мали движења предизвикуваат промена во спектарот на ѕвездата

30
00:03:04,000 --> 00:03:11,000
која лесно ја регистрираат спекторграфите на ЕЅО, како што е HARPS, преку следење на страничната брзина.

31
00:03:12,000 --> 00:03:18,000
HARPS е инсталиран на 3.6 - метарски телескоп во опсерваторијата Ла Сила

32
00:03:18,000 --> 00:03:21,000
и тој е првиот светски трагач по егзопланети.

33
00:03:21,000 --> 00:03:26,000
Тој е најуспешниот трагач по егзопланети со мала маса.

34
00:03:27,000 --> 00:03:33,000
Во 2010 година овој инструмент го открил најбогатиот планетарен систем.

35
00:03:33,000 --> 00:03:41,000
Системот е лоциран на 120 светлосни години, истиот орбитира околу ѕвездата HD 10180

36
00:03:41,000 --> 00:03:45,000
и содржи најмалку 5 егзопланети.

37
00:03:47,000 --> 00:03:52,000
Постојат докази дека повеќе од две планети се присутни во овој систем,

38
00:03:52,000 --> 00:03:56,000
а едната од нив е со до сега најниска откриена маса.

39
00:03:59,000 --> 00:04:06,000
Астрономите можат да ги користат планетарните транзити за индиректно да откријат далечни светови.

40
00:04:06,000 --> 00:04:11,000
Кога една планета поминува пред ѕвездата околу која орбитира - како што ние ја го гледаме од Земјата -

41
00:04:11,000 --> 00:04:16,000
таа блокира од вид мало делче од светлината која ја емитира ѕвезда.

42
00:04:16,000 --> 00:04:21,000
Ова создава пад во сјајноста на ѕвездата и истиот може да биде измерен.

43
00:04:22,000 --> 00:04:26,000
Дополнително, при утврдување на големината на егзопланетата,

44
00:04:26,000 --> 00:04:32,000
планетарните транзити можат да го откријат и составот на атмосферата на егзопланетата.

45
00:04:33,000 --> 00:04:36,000
Атмосферата на една супер - Земја

46
00:04:36,000 --> 00:04:42,000
беше анализирана за прв пат со помош на Многу Големиот Телескоп (н.з на ЕЅО).

47
00:04:43,000 --> 00:04:47,000
Планетата, позната како GJ 1214b,

48
00:04:47,000 --> 00:04:54,000
била истражена додека поминувала пред ѕвездата околу која орбитира и кога светлината од ѕвездата поминувала низ атмосферата на егзопланетата.

49
00:04:55,000 --> 00:05:01,000
Оваа ѕвездена светлина покажа дека атмосферата на супер - Земјата во најголем дел била изградена од вода во форма на пареа

50
00:05:01,000 --> 00:05:05,000
и истата во најголем дел била покриена со густи облаци и магли.

51
00:05:06,000 --> 00:05:13,000
Директно набљудување на една егзопланета е историско, што за прв пат било постигнато од страна на ЕЅО.

52
00:05:14,000 --> 00:05:21,000
Со Многу Големиот Телескоп била направена првата слика од егзопланета.

53
00:05:21,000 --> 00:05:26,000
2М1207б има маса која е за 5 пати поголема од онаа на Јупитер.

54
00:05:26,000 --> 00:05:35,000
Орбитира околу „поранешна“ ѕвезда од типот кафено џуџе, на растојание кое е за 55 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.

55
00:05:36,000 --> 00:05:41,000
Телескопите на ЕЅО се екипирани со врвни инструменти,

56
00:05:41,000 --> 00:05:44,000
но за да остане на браникот на потрагата по егзопланети,

57
00:05:44,000 --> 00:05:50,000
неодамна ЕЅО порача два нови инструменти за Многу Големиот Телескоп.

58
00:05:50,000 --> 00:05:58,000
Со инструментот SPHERE ќе може да се најде и проучи помалку сјајни планети, затскриени во сјајот на ѕвездите околу кои орбитираат.

59
00:05:58,000 --> 00:06:06,000
А во блиска иднина, пристигне спектрографот ESPRESSO, кој ќе го надмине HARPS.

60
00:06:08,000 --> 00:06:13,000
Европскиот Екстремно Голем Телескоп, кој моментално е во изградба во Чиле,

61
00:06:13,000 --> 00:06:17,000
ќе ја однесе чекор подалеку потрагата по егзопланети.

62
00:06:17,000 --> 00:06:23,000
Со ставање во употреба, 39 - метарскиот телескоп ќе открива егзопланети со големина на Земјата

63
00:06:23,000 --> 00:06:27,000
и најверојатно докази за вонземски биосфери.

64
00:06:29,000 --> 00:06:35,000
Потрагата по егзопланети претставува клучен елемент на она што можеби

65
00:06:35,000 --> 00:06:41,000
е најтешкото прашање на сите времиња: дали постои живот во друг крај на Вселената?

66
00:06:41,000 --> 00:06:47,000
Во претходните 20 години, нашето познавање за егзопланетите значително се зголеми.

67
00:06:47,000 --> 00:06:51,000
Но потрагата по егзопланети со големина на Земјата и оние кои поддржуваат услови за живот

68
00:06:51,000 --> 00:06:55,000
остануваат да бидат едни од најголемите области во астрономија.

69
00:06:56,000 --> 00:07:03,000
Дали сме само? Не знаеме, но наскоро одговорот ќе ни биде на дофат.

70
00:07:06,000 --> 00:07:12,000
Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.

