﻿1
00:00:02,000 --> 00:00:10,000
Опсерваторијата Ла Сила на ЕЅО во пустината Атакама во Чиле во текот на ноќта во отсуство на Месечината.

2
00:00:10,000 --> 00:00:18,000
Би требало да биде многу темно, но чудни зелени и црвени бои можат да се видат на ноќното небо.

3
00:00:18,000 --> 00:00:25,000
Каков е овој мистериозен сјај и дали истите стануваат се почести?

4
00:00:29,000 --> 00:00:39,000
Ова е ESOcast! Врвна технологија и животот зад кулисите на ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

5
00:00:50,000 --> 00:00:58,000
Сонцето постојано ја бомбардира земјината атмосфера со радијација со различна бранова должина.

6
00:00:58,000 --> 00:01:05,000
Соларната ултра - виолетова светлина ги уништува молекулите на кислород и азот во текот на денот

7
00:01:05,000 --> 00:01:14,000
што иницира серија од сложени хемиски реакции. Како резултат на ова доаѓа до формирање на нови молекули, како озон.

8
00:01:16,000 --> 00:01:22,000
Во текот на ноќта, некои од овие молекули земаат учество во други реакции,

9
00:01:22,000 --> 00:01:29,000
што предизвикува емисија на светлина. Овој процес е познат како хемолуминисценција.

10
00:01:30,000 --> 00:01:39,000
Резултатот од овој процес е видлив на ноќното небо како чудно светење, уште познато и како светење во воздухот.

11
00:01:40,000 --> 00:01:44,000
Боите на светењето во воздухот се невидливи за човечкото око

12
00:01:44,000 --> 00:01:52,000
но истите можат да се видат на фотографии со широк агол.

13
00:01:52,000 --> 00:01:58,000
Понекогаш, светењето во воздухот се појавува како слабо еднобојно светење на хоризонтот

14
00:01:58,000 --> 00:02:04,000
но понекогаш може да ги менува своите бои и форма.

15
00:02:05,000 --> 00:02:11,000
Зелениот слој од светењето во воздухот се појавува на надморска височина од 100 километри.

16
00:02:11,000 --> 00:02:14,000
Вака излгеда светењето во воздухот погледнато од Меѓународната Вселенска Станица.

17
00:02:15,000 --> 00:02:25,000
Помалку сјајната црвена боја се појавува на надморска височина од 150 до 300 километри.

18
00:02:27,000 --> 00:02:33,000
Опсегот, бојата и сјајноста на светењето на воздухот зависи од времето и местото,

19
00:02:33,000 --> 00:02:40,000
и истите зависат од повеќе фактори. На пример, црвениот сјај вообичаено е најсјаен

20
00:02:40,000 --> 00:02:46,000
на почетокот на ноќта. Околу полноќ и подоцна, црвениот сјај вообичаено е послаб.

21
00:02:49,000 --> 00:02:55,000
Серо Паранал, домот на Многу Големиот Телескоп, се наоѓа веднаш под

22
00:02:55,000 --> 00:03:02,000
Јужната Атлантска Аномалија. Во овој дел од земјиното магнетно поле, кое ги спречува честичките

23
00:03:02,000 --> 00:03:10,000
да дојдат до земјината површина, е послабо и повеќе соларни честички се судираат со земјината атмосфера.

24
00:03:11,000 --> 00:03:14,000
Ова може да придонесе за појава на посјајно светење во воздухот.

25
00:03:16,000 --> 00:03:21,000
Светењето во воздухот може да се јави во чудни формации наречени гравитациони бранови.

26
00:03:22,000 --> 00:03:29,000
Тие се создаваат под влијание на воздушниот притисок кој се зголемува со зголемување на надморската височина.

27
00:03:30,000 --> 00:03:36,000
Причините за појавата на светењето во воздухот се познати, но зошто се почесто го гледаме овој феномен

28
00:03:36,000 --> 00:03:41,000
на сликите направени од ЕЅО во Чиле во последните пет години?

29
00:03:42,000 --> 00:03:45,000
Дали светењето во воздухот станува вообичаена појава?

30
00:03:45,000 --> 00:03:50,000
Дали причината за тоа лежи во промената на времето на глобално ниво?

31
00:03:50,000 --> 00:03:52,000
Одговорот не е јасен.

32
00:03:53,000 --> 00:03:58,000
Неодамнешниот брз развој на дигиталните камери изгледа има некое влијание,

33
00:03:58,000 --> 00:04:03,000
бидејќи истиот ни овозможува почесто да ги регистрираме најслабите сигнали.

34
00:04:03,000 --> 00:04:10,000
Но исти камери можат да регистрираат различни состојби на ноќното небо во период од неколку недели.

35
00:04:11,000 --> 00:04:16,000
Бидејќи светење во воздухот е предизвикано од ултра - виолетовата светлина од Сонцето,

36
00:04:16,000 --> 00:04:23,000
промените во соларните активности можат да имаат големо влијание врз сјајноста на светењето во воздухот.

37
00:04:24,000 --> 00:04:32,000
Сонцето минува низ периоди на мала и голема активност во период од 11 години и тоа беше многу активно во последните неколку години.

38
00:04:33,000 --> 00:04:38,000
Ова изгледа е главната причина за неодамнешниот пораст во бројот на светења во воздухот.

39
00:04:39,000 --> 00:04:46,000
Последниот циклус на соларна активност коиндицира со развојот на поосетливи дигитални фотографии,

40
00:04:46,000 --> 00:04:52,000
ни овозможија да ја добиеме најдеталната слика од овој чуден феномен.

41
00:04:53,000 --> 00:05:00,000
Светењето во воздухот може да биде прекрасно и фотогенично, но исто така може да има влијание врз научните опсервации.

42
00:05:01,000 --> 00:05:07,000
Одредени типови на светење во воздухот можат да се забележат во позадина на инфра - црвени фотографии

43
00:05:07,000 --> 00:05:13,000
направени со телескопот VISTA.

44
00:05:16,000 --> 00:05:22,000
Како и да е, светењето во воздухот е карактеристика на ноќното небо над локациите на ЕЅО.

45
00:05:23,000 --> 00:05:31,000
Дури и во најтемните места на планетата, небото никогаш не е целосно темно.

46
00:05:33,000 --> 00:05:43,000
Транскрипција на ЕЅО, превод на Андреј Стојчевски.

