﻿1
00:00:05,000 --> 00:00:12,000
Телескопите на ЕЅО се користат во потрагата по најсуптилните знаци на магнетите полиња на други ѕвезди

2
00:00:12,000 --> 00:00:16,000
па дури и за мапирање на темни дамки на нивните површини.

3
00:00:17,000 --> 00:00:25,000
Овие информации откриваат зошто се повеќе ѕвезди, вклучително и нашето Сонце, се магнетни,

4
00:00:25,000 --> 00:00:32,000
и какви импликации можат да имаат врз животот на Земајта и во остатокот од Вселената.

5
00:00:36,000 --> 00:00:47,000
Ова е ESOcast! Врвна технологија и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

6
00:00:58,000 --> 00:01:04,000
Пред повеќе од 400 години, Галилео Галилеј станал еден од првите астрономи

7
00:01:04,000 --> 00:01:11,000
кои забележале дека на сончевата површина постојат одредени недостатоци, денес познати како темни дамки.

8
00:01:11,000 --> 00:01:19,000
Во тоа време Галилео не знаел дека овие темни дамки биле индикатор за тоа дека Сонцето е магнетна ѕвезда.

9
00:01:21,000 --> 00:01:27,000
Темните дамки изгледаат темни бидејќи силното магнетно поле во тие региони

10
00:01:27,000 --> 00:01:30,000
ја ограничуваат дистрибуцијата на топлината до површината.

11
00:01:30,000 --> 00:01:35,000
Овој процес предизвикува намалување на температурата во местата каде се појавуваат темните дамки, па поради тоа истите изгледаат потемни

12
00:01:35,000 --> 00:01:38,000
отколку остатокот од сончевата површина.

13
00:01:39,000 --> 00:01:45,000
Со развојот на темните дамки доаѓа до зголемување на силата и сложеноста на магнетното поле на Сонцето

14
00:01:45,000 --> 00:01:48,000
и воедно доаѓа до негово зголемено заплеткување.

15
00:01:49,000 --> 00:01:53,000
Со тек на време доаѓа до прекин на магнетното поле околу некои од овие темни дамки

16
00:01:53,000 --> 00:01:59,000
и на тој начин доаѓа до моментално ослободување на енергија складирана во овие темни дамки и тоа во форма на силен сјај.

17
00:02:00,000 --> 00:02:07,000
Оваа енергија, во форма соларни нишки и соларни бури, се емитира во Вселената.

18
00:02:10,000 --> 00:02:16,000
Кога е насочена кон Земјата, оваа енергија пристигнува во форма на наелектризирани честички,

19
00:02:16,000 --> 00:02:21,000
и во најголем дел е одбиена со помош на земјиното магнетно поле.

20
00:02:21,000 --> 00:02:26,000
Но некои од овие наелектризирани честички поминуваат низ магнетното поле и создаваат прекрасни аурори

21
00:02:26,000 --> 00:02:29,000
на северниот и јужниот пол.

22
00:02:29,000 --> 00:02:33,000
Овде убавината воедно значи и опасност.

23
00:02:35,000 --> 00:02:41,000
Соларните бури, доколку се доволно силни, можат да се претворат во гео-магнетни бури на Земјата

24
00:02:41,000 --> 00:02:50,000
кои можат да ги уништат сателитите, да ја нарушат комуникацијата во воздушниот сообраќај и да ги оштетат мрежите на електрична енергија.

25
00:02:50,000 --> 00:02:57,000
Во технолошката ера, оваа опасност е доволна  причина за проучување на соларниот магнетизам.

26
00:02:59,000 --> 00:03:03,000
Магнетизмот на Сонцето го прави да биде посебно.

27
00:03:03,000 --> 00:03:08,000
Најголем број ѕвезди во нашата галаксија имаат некаков вид на магнетно поле.

28
00:03:08,000 --> 00:03:15,000
Иако во целост не го разбираме процесот на создавање на магнетното поле на Сонцето

29
00:03:15,000 --> 00:03:20,000
други ѕвезди кои се нему слични можеби имаат слични карактеристики.

30
00:03:23,000 --> 00:03:28,000
Сепак, процесот кој го движи магнетизмот на некои класи на далечни ѕвезди

31
00:03:28,000 --> 00:03:34,000
како оние кои се значително потопли и помасивни од Сонцето, можат да бидат сосем различни.

32
00:03:35,000 --> 00:03:42,000
Но, познато е дека соларните нишки и соланите бури можат да влијаат врз животот на Земјата на значителен начин.

33
00:03:42,000 --> 00:03:47,000
Со мерење на магнетните карактеристики на ѕвездите астрономите можат да утврдат

34
00:03:47,000 --> 00:03:52,000
дали планетата која орбитира околу ѕвездата може да поддржи услови за живот.

35
00:03:54,000 --> 00:04:00,000
Магнетото поле на една ѕведа може да се мери со помош на Зимановиот ефект.

36
00:04:01,000 --> 00:04:07,000
Хемиските елементи создаваат тесни темни апсорпциони линии во спектарот на една ѕвезда.

37
00:04:07,000 --> 00:04:14,000
Кога ќе се утврди постоење на магнето поле на една ѕвезда, овие линии се делат на три или повеќе дела.

38
00:04:15,000 --> 00:04:22,000
Оваа делба може да се мери и користи од астрономите за да се мери силата на магнетото поле.

39
00:04:22,000 --> 00:04:29,000
Но Зимановиот ефект води до друг ефект, бидејќи ѕвездената светлина станува поларизирана.

40
00:04:29,000 --> 00:04:33,000
Овој поларизиран сигнал може да биде искористен од астрономите

41
00:04:33,000 --> 00:04:37,000
за да се утврди постоење на ѕвездено магнетно поле.

42
00:04:39,000 --> 00:04:44,000
Телескопите и инструментите на ЕЅО, како FORS и Многу Големиот Телескоп

43
00:04:44,000 --> 00:04:47,000
можат да откријат таква поларизација.

44
00:04:47,000 --> 00:04:52,000
Тие се силни инструменти со помош на кои може да се мери ѕвезденото магнетно поле.

45
00:04:53,000 --> 00:05:01,000
Ист таков инструмент е и HARPS, односно Трагач по планети со голема прецизност и радијална брзина.

46
00:05:01,000 --> 00:05:06,000
Се наоѓа во опсерваторијата Ла Сила на ЕЅО во Чиле.

47
00:05:07,000 --> 00:05:12,000
HARPS многу прецизно го мери Доплеровиот ефект на ѕвездените спектрални линии

48
00:05:12,000 --> 00:05:16,000
и на тој начин трага по егзо-планети.

49
00:05:16,000 --> 00:05:23,000
Но HARPS исто така може да ја мери поларизацијата на спектралните линии и на тој начин да врши откривање на ѕвездени магнетни полиња.

50
00:05:23,000 --> 00:05:30,000
За некои ѕвезди, овој спектограф може да мери илјадници спектрални линии во исто време,

51
00:05:30,000 --> 00:05:35,000
со што се откриваат сигнали и од најслабите магнетни полиња.

52
00:05:36,000 --> 00:05:41,000
Со набљудување на една ѕвезда додека истата ротира,

53
00:05:41,000 --> 00:05:45,000
научните можат да ги искористат мерењата на поларизацијата за да создадат

54
00:05:45,000 --> 00:05:50,000
мапи на темните дамки на далечните ѕвезди.

55
00:05:51,000 --> 00:05:57,000
Вакви слики не можат да се добијат со големите телескопи

56
00:05:57,000 --> 00:06:03,000
бидејќи речиси сите ѕвезди се премногу оддалечени.

57
00:06:03,000 --> 00:06:08,000
Но, благодарение на големиот број на информации кои се содржат со поларизационите сигнали,

58
00:06:08,000 --> 00:06:12,000
можеме да откриеме многу работи за ѕвездените магнетни полиња

59
00:06:12,000 --> 00:06:17,000
и да откриеме важни информации за да ја откриеме вистината.

60
00:06:18,000 --> 00:06:24,000
Астрономите откриле дека поголемиот број од ѕвездите се магнетни, но секоја на свој посебен начин.

61
00:06:24,000 --> 00:06:31,000
Па поради тоа може да се каже дека различни процеси придонесуваат за да се создаде и оддржува магнетното поле на една ѕвезда.

62
00:06:32,000 --> 00:06:40,000
Сега знаеме дека ваквите магнетни полиња можат да имаат големо влијание врз начинот на кој се одвива животот на ѕвездите.

63
00:06:41,000 --> 00:06:46,000
Тие играат голема улога во сложените ѕвезди на формирање на ѕвездите.

64
00:06:46,000 --> 00:06:50,000
На другата страна од животот на ѕвездите, тие се клучни за објаснување

65
00:06:50,000 --> 00:06:59,000
на чудното поведение на експлозиите на гама зраци, пулсари и магнетари.

66
00:07:00,000 --> 00:07:05,000
Астрономите сега ги проучуваат ѕвездените магнетни полиња

67
00:07:05,000 --> 00:07:11,000
за да го проценат нивното влијание врз животот врз каменестите егзо-планети околу нив.

68
00:07:11,000 --> 00:07:18,000
Ѕвезденото магнетно поле може во голема мера да има влијание врз радијацијата која доаѓа до површината на планетата.

69
00:07:18,000 --> 00:07:24,000
Интензивните соларни нишки можат да емитираат ултра - виолетова радијација која е опасна

70
00:07:24,000 --> 00:07:28,000
за најголем број на примитивни и напредни форми на живот.

71
00:07:30,000 --> 00:07:33,000
Магнетизмот има влијание и врз остатокот од Вселената,

72
00:07:33,000 --> 00:07:39,000
од површината на Земјата па се до најоддалечените супер-нови.

73
00:07:40,000 --> 00:07:44,000
Со мерење на поларизацијата астрономите можат полесно да ги разберат

74
00:07:44,000 --> 00:07:51,000
магнетните карактеристики на нашата ѕвезда и другите ѕвезди во Вселената.

75
00:07:57,000 --> 00:08:02,000
Транскрипција од ЕЅО; Превод од Андреј Стојчевски.

