﻿1
00:00:04,366 --> 00:00:06,688
Ова е ESOcast!

2
00:00:06,848 --> 00:00:14,604
Врвна технологија и животот зад сцената во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

3
00:00:30,427 --> 00:00:34,107
ЕЅО располага со три прво - класни опсерватории во Чиле.

4
00:00:35,844 --> 00:00:40,965
Астрономите ги користат овие телескопи за да ги проучуваат објектите кои се блиску до нас во Соларниот Систем,

5
00:00:40,965 --> 00:00:45,505
како и оние кои се наоѓаат во најоддалечените делови од познатата Вселена.

6
00:00:46,218 --> 00:00:50,746
Опсервациите со телескопите на ЕЅО придонеле за повеќе откритија во астрономијата,

7
00:00:50,746 --> 00:00:56,737
и во текот на минатото придонеле за неколку навистина маркантни откритија.

8
00:00:58,852 --> 00:01:04,203
Еве ја листата на досегашните 10 врвни достигнувања на ЕЅО.

9
00:01:15,473 --> 00:01:23,634
Со помош на Многу Големиот Телескоп на ЕЅО биле пронајдени најсјајните галаксии во раната Вселена

10
00:01:23,634 --> 00:01:29,555
и биле пронајдени докази дека во овие галаксии се наоѓаат ѕвезди од првата генерација-

11
00:01:29,555 --> 00:01:33,292
ѕвезди кои до тој момент постоеле само теоретски.

12
00:01:35,210 --> 00:01:41,085
Овие големи, сјајни објекти биле творци на првите тешки елементи -

13
00:01:41,085 --> 00:01:46,495
елементи кои се неопходни за создавање на денешните ѕвезди,

14
00:01:46,495 --> 00:01:50,930
планетите кои орбитираат околу нив и воопшто на целиот живот.

15
00:02:00,547 --> 00:02:05,726
Телескопите на ЕЅО пронашле непобитен доказ за постоењето на експлозиите на гама - зраци

16
00:02:05,726 --> 00:02:12,259
и ги поврзале со експлозиите на масивните ѕвезди, со што била решена уште една мистерија.

17
00:02:13,521 --> 00:02:21,044
Телескопот од Ла Сила ја регистрирал првата видлива светлина од кратки експлозии на гама - зраци,

18
00:02:21,044 --> 00:02:29,182
со што било покажано дека оваа фамилија на објекти најверојатно потекнуваат од колизијата на неутронски ѕвезди.

19
00:02:37,309 --> 00:02:45,168
Со помош на инструментот HARPS, астрономите од ЕЅО во 2010 година откриле планетарен систем со најмалку пет планети,

20
00:02:45,168 --> 00:02:49,778
кои орбитирале околу ѕвездата HD 10180, која е  слична на нашето Сонце.

21
00:02:51,589 --> 00:02:55,443
Тие исто така откриле доказ за постоењето на уште две планети,

22
00:02:55,443 --> 00:03:02,675
од кои едната, доколку се докаже нејзиното постоење, ќе биде егзо - планета со најмала маса.

23
00:03:04,343 --> 00:03:12,135
Новите опсервации, како и повторната анализа на податоците укажуваат дека е можно околу ѕвездата да орбитираат уште повеќе ѕвезди.

24
00:03:19,289 --> 00:03:26,196
Со помош на Многу Големиот Телескоп на ЕЅО биле откриени молекули на јаглерод моноксид во една далечна галаксија,

25
00:03:26,196 --> 00:03:29,401
како што постоела пред 11 милијарди ѕвезди,

26
00:03:29,401 --> 00:03:34,786
нешто што не можело да биде докажано во последните 25 години.

27
00:03:35,595 --> 00:03:43,003
Ова откритие им овозможило на астрономите да извршат прецизни мерења на температурата во Вселената во дамнешни времиња,

28
00:03:43,003 --> 00:03:48,367
која се совпаднала со температурата предвидена во теоријата на Големата експлозија.

29
00:03:55,918 --> 00:04:02,893
Со Многу Големиот Телескоп била за прв пат анализирана атмосферата околу една егзо - планета од типот на супер - Земја.

30
00:04:03,521 --> 00:04:07,120
Оваа планета, позната како GJ 1214b,

31
00:04:07,120 --> 00:04:15,572
била проучувана во моментот кога поминувала пред нејзината родителска ѕвезда и дел од нејзината светлина била филтрирана преку атмосферата на планетата.

32
00:04:16,533 --> 00:04:20,841
Било пронајдено дека атмосферата во најголем дел била изградена од вода во форма на пареа,

33
00:04:20,841 --> 00:04:24,975
кои биле групирани во густи облаци или магла.

34
00:04:32,344 --> 00:04:39,680
Со помош на Многу Големиот Телескоп, астрономите на ЕЅО ја измериле староста на најстарата ѕвезда во Млечниот пат.

35
00:04:39,680 --> 00:04:48,806
Оваа ѕвезда е стара 13.2 милијарди ѕвезди, што значи дека била формирана во раните стадиуми од создавањето на Вселената.

36
00:04:49,700 --> 00:04:58,338
Во една од ѕвездите во Млечниот пат бил откриен ураниум.

37
00:05:06,527 --> 00:05:12,053
Со МГТ била направена првата слика од планета надвор од Соларниот систем.

38
00:05:12,587 --> 00:05:20,364
Оваа планета, со маса за пет пати поголема од онаа на Јупитер, орбитира околу кафено џуџе-

39
00:05:20,364 --> 00:05:26,484
на растојание кое е за 55 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.

40
00:05:35,500 --> 00:05:41,027
Во 2014, Големата атакамска милиметарска / субмилиметарска мрежа (ALMA),

41
00:05:41,027 --> 00:05:45,368
открила неверојатни детали за еден соларен систем кој е во фаза на создавање.

42
00:05:50,151 --> 00:05:56,409
Сликите од ХЛ Бик биле најбистрите, направени на субмилиметарски бранови должини.

43
00:05:59,033 --> 00:06:06,021
На нив е прикажано како со создавањето на планетите доаѓа до поврзување на меѓу - ѕвездената прашина и гас во прото - планетарен диск.

44
00:06:13,826 --> 00:06:18,446
Еден од најгордите моменти за ЕЅО се случил кога два независни истражувачки тима,

45
00:06:18,446 --> 00:06:23,412
во кои бил вклучен и персоналот на ЕЅО, дошле до едно навистина неверојатно откритие:

46
00:06:23,412 --> 00:06:30,111
не само што Вселената се проширува, таа се проширува со темпо кое постојано се зголемува.

47
00:06:30,561 --> 00:06:36,876
Откритието на двата тима се базирало на опсервации на експлозии на ѕвезди или супер - нови,

48
00:06:36,876 --> 00:06:42,714
вклучително и на мерењата направени со помош на телескопите на ЕЅО во Ла Сила и Паранал.

49
00:06:43,558 --> 00:06:49,340
Ова откритие добило Нобелова награда за физика во 2011 година.

50
00:06:58,940 --> 00:07:00,271
И на крај....

51
00:07:00,271 --> 00:07:11,200
Неколку клучни телескопи на ЕЅО биле користени во 20 - годишната студија за добивање на детален преглед на чудовиштетото кое живее во центарот на нашата галаксија -

52
00:07:11,200 --> 00:07:14,112
супер - масивна црна дупка.

53
00:07:19,486 --> 00:07:26,708
Астрономијата постојано оди напред, а врвните 10 откритија на ЕЅО не се запишани на камен.

54
00:07:27,556 --> 00:07:32,258
Се додека астрономите ја проучуваат Вселената од опсерваториите на ЕЅО,

55
00:07:32,258 --> 00:07:36,762
ќе следат неочекувани и сјајни откритија.

56
00:07:37,153 --> 00:07:45,709
Кој знае какви откритија допрва ќе се случат и како ќе се најдат на нашата листа во иднина.

57
00:07:52,610 --> 00:07:57,729
Транскрипција на ЕЅО; превод на Андреј Стојчевски.

