﻿1
00:00:03,818 --> 00:00:09,594
Опсерваториските телескопи се направени за брзо и темелно скенирање на големи делови од ноќното небо,

2
00:00:10,015 --> 00:00:14,275
за да ги пронајдат најретките и најинтересните астрономски објекти.

3
00:00:14,824 --> 00:00:20,685
Со користење на најнови технологии во нивните извиднички мисии, тие доаѓаат до огромно количество на податоци.

4
00:00:21,209 --> 00:00:26,131
Двата опсерваториски телескопи на ЕЅО функционираат секоја ноќ кога небото е чисто,

5
00:00:26,491 --> 00:00:30,950
грижливо мапирајќи го јужното небо, дел по дел.

6
00:00:35,797 --> 00:00:37,992
Ова е ESOcast!

7
00:00:37,992 --> 00:00:46,064
Врвна технологија и животот зад сцената во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

8
00:00:55,286 --> 00:00:57,526
VISTA и VST -

9
00:00:58,384 --> 00:01:00,497
се два моќни опсерваторски телескопи:

10
00:01:01,145 --> 00:01:05,523
VISTA (Visible and Infrared Survey Telescope for Astronomy),

11
00:01:06,163 --> 00:01:11,224
и VST (VLT Survey Telescope).

12
00:01:13,301 --> 00:01:17,539
Двата телескопа се наоѓаат во опсерваторијата Паранал на ЕЅО во Чиле

13
00:01:17,539 --> 00:01:24,550
и истите се можеби најмоќните опсерваторски телескопи во светот.

14
00:01:27,568 --> 00:01:31,109
Опсерваториските телескопи бараат игли во стогови сено:

15
00:01:31,575 --> 00:01:43,101
ретки астрономски објекти, како што се потенцијално опасни астероиди во близина на Земјата, скриени јата, експлодирачки ѕвезди и далечни квазари.

16
00:01:45,727 --> 00:01:51,612
За разлика од поголемите телескопи кои детално се фокусираат на мали делови од небото

17
00:01:51,612 --> 00:01:57,115
VISTA и VST проучуваат поголеми делови од небото.

18
00:02:00,645 --> 00:02:08,226
Од нивните истражувачки мисии се создаваат големи архиви на научни податоци и се откриваат многу интересни објекти.

19
00:02:09,481 --> 00:02:16,516
Овие објекти подоцна можат подетално да бидат проучени со помош на поголемите телескопи, како што е VLT (Многу Големиот Телескоп).

20
00:02:20,107 --> 00:02:24,368
VISTA има главно огледало со дијаметар од 4.1 метри,

21
00:02:24,618 --> 00:02:32,257
што го прави да биде најголемиот телескоп во светот што работи на инфра - црвена бранова должина.

22
00:02:32,820 --> 00:02:44,244
Тој е опремен со високо - квалитетна 67 - мегапикселна камера која има најголем опсег од категоријата на камери кои работат на инфра - црвена бранова должина.

23
00:02:47,010 --> 00:02:49,598
VISTA бил ставен во употреба во 2010 година

24
00:02:49,598 --> 00:02:58,921
и истиот е за 40 пати посилен од постарите опсерваторски телескопи.

25
00:03:02,662 --> 00:03:13,518
Вршејќи ги опсервациите на инфра - црвена бранова должина, овој телескоп може да пронајде објекти кои се невидливи за човечкото око бидејќи истите се премногу ладни или пак се затскриени зад густи облаци од меѓу - ѕвездена прашина

26
00:03:13,518 --> 00:03:19,102
или бидејќи нивната светлина се поместила кон црвениот дел на спектрумот (што се случува со светлината која доаѓа од многу далечни објекти).

27
00:03:24,254 --> 00:03:33,867
VST е 2.6 - метарски телескоп опремен со 268 - мегапикселна CCD камера

28
00:03:33,867 --> 00:03:38,535
со поле на видливост кое е за четири пати поголемо од полето на видливост на една полна месечина.

29
00:03:40,925 --> 00:03:48,519
VST работи на оптичка бранова должина и е комплементарен на телескопот VISTA.

30
00:03:51,470 --> 00:03:56,734
VISTA и VISTA создаваат огромни количества на податоци

31
00:03:56,734 --> 00:04:03,120
и значително го зголемуваат потенцијалот на Опсерваторијата Паранал за нови откритија.

32
00:04:03,120 --> 00:04:08,144
Податоците се складираат во големи архиви на слики и каталози на објекти

33
00:04:08,144 --> 00:04:12,287
кои ќе бидат проучувани од астрономите во наредните неколку децении.

34
00:04:14,014 --> 00:04:20,351
Опсерваториските телескопи ќе одиграат клучна улога во иднината.

35
00:04:20,351 --> 00:04:29,282
Некои од нивните откритија ќе бидат предмет на подетални проучувања од страна на идниот Европски Екстремно Голем Телескоп.

36
00:04:29,282 --> 00:04:35,377
Опсерваториските телескопи на ЕЅО ќе продолжат детално да го мапираат небото.

37
00:04:35,377 --> 00:04:41,985
Она што ќе го пронајдат ќе помогне во решавањето на еден од најинтересните проблеми во астрофизиката денес -

38
00:04:41,985 --> 00:04:49,462
вклучувајќи ја тука и структурата на Млечниот пат и природата на мистериозната темна материја и темна енергија.

39
00:05:10,745 --> 00:05:13,562
Транскипрцијата е на ЕЅО; преводот е на Андреј Стојчевски

