1
00:00:04,120 --> 00:00:08,060
Обично работиме на работ на она што е технолошки можно.

2
00:00:08,860 --> 00:00:12,660
Секако инженерството е во јадрото на работата на ЕЅО.

3
00:00:13,480 --> 00:00:18,900
Инженерството е како клуч кој ѝ овозможува на организацијата да ѝ пристапи и истражи Вселената.

4
00:00:27,840 --> 00:00:32,980
Епизода 186 // Инженери во ЕЅО

5
00:00:35,160 --> 00:00:44,960
ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија, дизајнира, гради и управува со некои од најнапредните телескопи и инструменти во светот.

6
00:00:45,200 --> 00:00:54,500
За да го постигне ова, ЕЅО има потреба од многу талентирани инженери кои ги дизајнираат, развиваат и одржуваат овие чувствителни машини.

7
00:00:55,660 --> 00:01:01,200
ЕЅО е движечката сила на европската копнена астрономија

8
00:01:01,810 --> 00:01:07,410
и ја користи најнапредната технологија за да го стави во служба на астрономијата.

9
00:01:08,120 --> 00:01:14,440
Затоа ни требаат најдобрите инженери за да ја снабди астрономската заедница со најдобрите телескопи.

10
00:01:15,580 --> 00:01:23,040
За мене најважно е тоа што, всушност, го даваме резултатот од нашата работа,

11
00:01:23,120 --> 00:01:28,080
нашите инструменти се меѓу најдобрите, нашите телескопи се меѓу најдобрите,

12
00:01:28,280 --> 00:01:33,360
и дека на заедницата ѝ даваме вистинска алатка за да се занимава со наука.

13
00:01:36,130 --> 00:01:43,049
Инженерите треба да ја создадат оваа технологија која е единствена во светот; резервните делови не се достапни на пазарот.

14
00:01:46,390 --> 00:01:54,700
Секој пат кога имаме дефект, треба да интервенираме што е можно побрзо и понекогаш ни требаат делови на лице место за да извршиме поправка.

15
00:01:55,060 --> 00:01:57,720
Значи инженерството е исклучително важно за ЕЅО.

16
00:01:58,689 --> 00:02:02,639
Без инженери на прво место, ние нема да можеме да ги изградиме телескопите.

17
00:02:04,620 --> 00:02:09,360
Околу половина од вработените во седиштето на ЕЅО во Гаршинг се инженери,

18
00:02:09,360 --> 00:02:12,680
и тие сочинуваат голем дел од персоналот на ЕЅО во Чиле.

19
00:02:13,500 --> 00:02:18,160
Овие високо квалификувани специјалисти покриваат многу различни полиња,

20
00:02:18,160 --> 00:02:22,620
од традиционалните дисциплини како механичко, електрично и софтверско инженерство

21
00:02:22,800 --> 00:02:29,080
на повеќе специфични области, како што се оптика, системи за детектори и криогенско инженерство.

22
00:02:29,580 --> 00:02:35,820
Овие инженери имаат не само што имаат различни вештини, но исто така и различни искуства -

23
00:02:38,080 --> 00:02:45,029
Разновидната работна средина на ЕЅО  привлекува инженери од разни националности, родови и потекла.

24
00:02:46,920 --> 00:02:53,740
Јас сум инженер за детектори и дизајнираме и испорачуваме системи за детектори за инструментите на телескопите на ЕЅО.

25
00:02:54,120 --> 00:03:00,200
Во моментот работам на CCD на инструментот HARMONI.

26
00:03:00,200 --> 00:03:03,040
CCD во основа е окото на инструментот.

27
00:03:03,960 --> 00:03:05,780
Јас сум софтверски инженер.

28
00:03:05,880 --> 00:03:14,040
Мојата одговорност е да го направам софтверот што го користат астрономите за истражување на небото

29
00:03:14,040 --> 00:03:16,320
работи совршено за време на целата работна ноќ.

30
00:03:18,470 --> 00:03:24,020
Во Гаршинг се развиваат и произведуваат телескопските инструменти и детектори.

31
00:03:24,840 --> 00:03:29,480
Тие потоа се транспортираат во Чиле, каде што се инсталираат во објектите на ЕЅО.

32
00:03:29,900 --> 00:03:33,300
Тука, тие се управуваат, одржуваат и поправаат

33
00:03:33,380 --> 00:03:36,680
од страна на високо квалификувани  инженери на ЕЅО кои работат во Чиле.

34
00:03:38,900 --> 00:03:44,980
Исто така, повеќе инженерски активности се потребни за Екстремно Големиот Телескоп, или ELT,

35
00:03:45,200 --> 00:03:47,640
кој во моментов е во изградба.

36
00:03:47,880 --> 00:03:55,500
ELT ќе има главно огледало од 39 метри и ќе биде најголемиот оптички телескоп во светот.

37
00:03:56,960 --> 00:04:00,600
Она што јас го правам во моментов во ЕЅО планирање,

38
00:04:00,640 --> 00:04:06,900
со тим, фазата на склопување, интеграција и верификација на Екстремно Големиот Телескоп.

39
00:04:08,160 --> 00:04:11,620
Работам како оптички инженер на ELT.

40
00:04:11,620 --> 00:04:17,900
Значи, мојата улога е да работам на оптиката на овој Екстремно Голем Телескоп што во моментов го градиме.

41
00:04:18,630 --> 00:04:23,179
Постојат неколку начини на кои можете да се вклучите со водечкото инженерство во ESO.

42
00:04:23,940 --> 00:04:29,820
ЕЅО редовно вработува инженери на полно работно време во Гаршинг и Чиле.

43
00:04:29,820 --> 00:04:38,820
Работата на професионален меѓународен и локален вработен е од витално значење за развојот на флотата од светски класа на иновативни телескопи и инструменти на ЕЅО.

44
00:04:39,420 --> 00:04:45,400
Во текот на годината, конкурентни практиканти и стипендии им се нудат на високо квалификувани поединци.

45
00:04:45,740 --> 00:04:53,620
Овие наградни програми им обезбедуваат на учесниците да се стекнат со искуство од прва рака со работа во првокласни проекти.

46
00:04:54,419 --> 00:04:58,789
Има доволно простор за развој за време на инженерската кариера во ЕЅО.

47
00:04:59,340 --> 00:05:04,310
Секогаш ќе има нови технологии, инструменти и детектори на кои ќе се работи.

48
00:05:04,740 --> 00:05:13,200
Уште понапредни технологии се потребни за подобрување на објектите на ЕЅО и за да му се овозможи на ЕЅО да остане на браникот на светската астрономија,

49
00:05:13,200 --> 00:05:18,620
осигурувајќи дека ѝ служи на астрономската заедница на најдобар можен начин.

50
00:05:19,420 --> 00:05:27,840
Не толку често се добива шансата за да се работи на градење на гигантски телескопи во многу посебно место како Чиле.

51
00:05:27,840 --> 00:05:30,900
Затоа ова го прави неверојатно посебно.

52
00:05:31,640 --> 00:05:38,600
Да се ​​биде инженер во ЕЅО е одлична работа не само за техничките аспекти,

53
00:05:38,600 --> 00:05:44,700
но, исто така, од човечка гледна точка, станува збор за работа со професионалци кои доаѓаат од целиот свет.

54
00:05:44,860 --> 00:05:51,640
Чувството е многу посебно затоа што сте толку многу во срцето на она што се случува во астрономијата во моментот.

55
00:05:51,640 --> 00:05:54,180
Лично уживам во тоа да бидам инженер.

56
00:05:54,180 --> 00:06:00,720
Ова е уникатно место за инженерство, бидејќи се занимавате со напредна технологија, обично уникатни машини.

57
00:06:01,280 --> 00:06:03,339
Затоа, тоа е многу возбудлива работа да се биде инженер.

58
00:06:06,140 --> 00:06:12,080
Секако дека е точно дека ЕЅО немаше да биде светски водечка организација каква што е

59
00:06:12,080 --> 00:06:14,380
без напорната работа на нејзините инженери.

60
00:06:15,140 --> 00:06:21,300
Со нивна помош, ЕЅО е во можност да ги прошири границите на астрономската технологија.

61
00:06:23,000 --> 00:06:27,860
ЕЅО е местото каде што заедно можеме да создаваме неверојатни работи.

62
00:06:28,520 --> 00:06:35,220
Кога работите во ЕЅО, вие на некој начин земате учество во историјата на астрономијата.

63
00:06:42,200 --> 00:06:45,060
Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски:

