1
00:00:02,040 --> 00:00:06,900
Навистина уживам да бидам во ЕЅО поради разновидноста на луѓето и активностите што ги правам овде.

2
00:00:07,300 --> 00:00:13,160
ЕЅО е место каде што астрономите и инженерите ја обликуваат и ја дизајнираат иднината на нашето поле.

3
00:00:13,740 --> 00:00:18,420
Вратите што ми ги отвори ЕЅО - мислам дека има толку многу што сè уште не сум свесна за сите нив.

4
00:00:31,520 --> 00:00:37,880
Секоја година, неколку извонредни научници со млади кариери имаат можност дополнително да ги развиваат

5
00:00:37,880 --> 00:00:42,760
нивните независни истражувачки програми во Европската Јужна Опсерваторија.

6
00:00:43,460 --> 00:00:48,500
Стипендии се достапни и во седиштето на ЕЅО во Гаршинг, во близина на Минхен, Германија

7
00:00:48,880 --> 00:00:52,900
и во астрономискиот центар на ЕЅО во Сантијаго, Чиле.

8
00:00:53,780 --> 00:00:58,960
Седиштето на ЕЅО се наоѓа во еден од најактивните истражувачки центри во Европа

9
00:00:58,960 --> 00:01:03,380
фалејќи се со една од највисоките концентрации на астрономи во светот.

10
00:01:04,480 --> 00:01:10,020
Научници од висок калибар, експерти за инструменти, и други професионалци на лесен дофат

11
00:01:10,020 --> 00:01:16,400
им обезбедуваат на стипендистите вредни можности за започнување на соработки и учење на нови вештини.

12
00:01:17,320 --> 00:01:21,660
Програмите на ЕЅО ми помогнаа во мојата кариера исто како што ме зближи со луѓе

13
00:01:21,660 --> 00:01:28,580
кои се многу важни за моето поле и во суштина ми дозволи да започнам нови истражувачки програми.

14
00:01:29,320 --> 00:01:33,300
Да се ​​биде во ЕЅО ми помогна во мојата кариера, бидејќи една од можностите што ги добивате во ЕЅО

15
00:01:33,300 --> 00:01:38,320
е изложеност на експерти и во научната, и во техничката страна на нештата.

16
00:01:38,880 --> 00:01:42,960
Програмата за стипендии Гаршинг е доста уникатна на многу начини

17
00:01:42,960 --> 00:01:48,840
но најмногу поради околината што ја имаме овде со талентот, луѓе - стотици луѓе - астрономи

18
00:01:48,840 --> 00:01:53,620
еден од најголемите кампуси во Европа и во светот, и многу, многу силна поддршка

19
00:01:53,620 --> 00:01:56,120
што им ја даваме на овие стипендисти во текот на трите години што ги поминуваат овде.

20
00:01:57,060 --> 00:02:02,200
Значи истражувањето овде е доста богато. Тоа вклучува комети, егзопланети

21
00:02:02,200 --> 00:02:09,420
до региони на формирање на нови ѕвезди, протопланетарен дискови, галаксии, космологија, објекти со големо поместување кон црвено.

22
00:02:10,060 --> 00:02:14,380
Тоа навистина го покрива целиот збир на теми што ги имаме во астрономијата.

23
00:02:14,380 --> 00:02:19,700
Затоа, ако сте страстни за астрономијата, дојдете во ЕЅО. Тоа дефинитивно ќе го промени вашиот живот.

24
00:02:19,840 --> 00:02:23,740
Стипендијата на ЕЅО беше фантастична можност за мојата кариера.

25
00:02:23,740 --> 00:02:29,680
Тоа беше прв пат кога бев навистина независен во моето истражување. Ја преземам контролата врз она што го правам на дневна основа.

26
00:02:30,340 --> 00:02:36,800
Најмногу во кое уживав во мојата стипендија беше тоа што можам да работам во исклучително разновидна и меѓународна средина

27
00:02:36,800 --> 00:02:43,320
и преку моите должности во ЕЅО имам пристап до инструменти и добивам длабок увид во инструментите и објектите.

28
00:02:43,920 --> 00:02:51,380
Значи, она што навистина ми се допаѓа во ЕЅО е можноста да бидам независна и истовремено да соработувам со луѓе со различна експертиза.

29
00:02:51,380 --> 00:03:01,160
И, исто така, можноста навистина да се види целиот научен процес, од првичната идеја и како се избираат предлозите

30
00:03:01,160 --> 00:03:06,780
преку можноста да се отиде до телескоп и да се види како се гледа небото до последната публикација.

31
00:03:07,480 --> 00:03:10,900
Во прилог на развивање на нивните независни истражувачки програми

32
00:03:10,900 --> 00:03:19,440
од стипендистите на EЅO во Германија се очекува да се вклучат во т.н. функционална работа за организацијата, до 25% од нивното време.

33
00:03:19,440 --> 00:03:26,440
Иако првично се смета за товар, функционалните обврски за специфичните проекти на ЕЅО се покажаа како пријатни

34
00:03:26,440 --> 00:03:30,920
и исполнувачки, и имаат многу позитивно влијание врз кариерите на стипендистите.

35
00:03:31,440 --> 00:03:36,720
Затоа, функционалната работа што стипендистите ја вршат овде е уникатна можност

36
00:03:36,720 --> 00:03:40,580
за тие да се поврзат со проектите на ЕЅО и да научат нови вештини.

37
00:03:41,100 --> 00:03:46,000
Овие ќе бидат многу важни кога ќе продолжат со својата кариера.

38
00:03:46,640 --> 00:03:50,280
Мојата главна улога во оваа функционална задача беше да разгледаме нови алгоритми.

39
00:03:51,280 --> 00:03:56,720
Како функционална работа тука, ќе одам во Паранал три пати годишно да ги набљудувам.

40
00:03:56,720 --> 00:04:04,660
Тоа е одлично искуство за да се разбере како функционира телескопот и како се вршат набљудувањата.

41
00:04:05,300 --> 00:04:10,000
За време на стипендирањето, освен истражувањата, работам и во одделот за корисничка поддршка

42
00:04:10,000 --> 00:04:13,920
па им помагам на корисниците да ги развиваат своите програми за набљудувања.

43
00:04:14,840 --> 00:04:21,780
Јас работам со новиот ЕЅО Супернова Центар, кој е центар за посетители и центар за контактирање кој ЕЅО го отвора во 2018 година.

44
00:04:21,780 --> 00:04:24,260
Јас сум многу страстен за контакт со средината.

45
00:04:25,080 --> 00:04:31,400
Покрај стипендиите во седиштето на ЕЅО, ЕЅО нуди слична програма во Чиле.

46
00:04:32,460 --> 00:04:43,200
Уникатниот аспект на стипендијата во Чиле е можноста да се работи во близина со инструменти и најсовремените телескопи.

47
00:04:43,600 --> 00:04:49,740
Работејќи во близина на инструментите, ќе научите како можете да извлечете максимум од тоа.

48
00:04:49,740 --> 00:04:54,220
Бараме луѓе кои се страсни за опсерватории.

49
00:04:54,220 --> 00:04:58,100
Вие работите за ЕЅО 50% од вашето време за три години

50
00:04:58,100 --> 00:05:02,980
а потоа имате четврта година, надвор од Гаршинг, кога сте целосно ослободени од обврски.

51
00:05:02,980 --> 00:05:11,200
Можеме да ја планираме должната работа на синергетски начин, за всушност науката и развојот на стипендистот да извлечат корист.

52
00:05:11,860 --> 00:05:17,160
Ја сакам комбинацијата на функционални должности на телескопот и можноста да се фокусирам на мојата наука овде.

53
00:05:17,860 --> 00:05:23,660
Функционалниот дел од работата - може да биде тежок! Но, тоа е неверојатно, неверојатно благодарно и неверојатно пријатно.

54
00:05:23,980 --> 00:05:30,540
Луѓето овде се навистина колегијални. Мислам дека тимската работа е неопходна, посебно за Паранал.

55
00:05:30,540 --> 00:05:36,220
Обично добивате некои соработки во кои можете да дискутирате за науката на неформален начин

56
00:05:36,220 --> 00:05:38,640
па оваа околина е многу добра за науката.

57
00:05:38,840 --> 00:05:44,860
Имаме мала заедница. Стипендистите работат заедно и поминуваат време заедно.

58
00:05:44,860 --> 00:05:51,320
Разменуваме информации за науката, а потоа си поминуваме прекрасно. Тоа е оној дел во кој уживам најмногу.

59
00:05:51,920 --> 00:05:56,400
Без оглед на програмата која ја избрале, било да е тоа во Чиле или во Германија

60
00:05:56,400 --> 00:06:00,960
стипендистите на ЕЅО се целосно поддржани за спроведување на теренско истражување.

61
00:06:00,960 --> 00:06:07,840
Во исто време, работата во ЕЅО ги подготвува со основни практични вештини за да им користат подоцна во нивните кариери.

62
00:06:08,480 --> 00:06:11,580
Научив да извршувам повеќе задачи во исто време. Научив како да давам приоритет.

63
00:06:11,580 --> 00:06:18,140
Научив многу за инструментите кои можеби сама не би ги користела во мојата наука однапред, но за кои сега размислувам.

64
00:06:19,140 --> 00:06:25,740
И, се разбира, и Германија и Чиле нудат одлични можности да се забавувате надвор од работата ...

65
00:06:26,080 --> 00:06:30,900
За мене една од најголемите работи за работа тука во Гаршинг е можноста да возам велосипед секаде.

66
00:06:31,040 --> 00:06:33,140
Во моето слободно време навистина, навистина уживам во патувањето.

67
00:06:33,140 --> 00:06:39,240
Јужна Америка е неверојатно достапна од Сантијаго, па имав можност да патувам и низ Јужна Америка.

68
00:06:39,840 --> 00:06:44,400
Ако сакате да станете наш следен стипендист на ЕЅО и брзо да ја следите вашата кариера

69
00:06:44,400 --> 00:06:51,600
пријавете се на нашите програми во Чиле или Германија и имајте ги во предвид советите на нашите сегашни или минати стипендисти.

70
00:06:52,640 --> 00:06:59,260
ЕЅО е место за љубопитни луѓе, па ако сте љубопитни тогаш само дојдете овде и истражете ги сите можности што постојат.

71
00:06:59,440 --> 00:07:07,200
Дојдете до ЕЅО и поставувајте прашања. Мислам дека добив најмногу од ЕЅО, само со тропање на вратите и зборувајќи со сите луѓе.

72
00:07:07,560 --> 00:07:13,680
Дојдете, посетете, дознајте што правиме и бавете се со одлична наука, бидејќи тоа е најважното нешто тука.

73
00:07:16,240 --> 00:07:20,420
Транскрибиран од ЕЅО; Превод од англиски на Андреј Стојчевски:

