1
00:00:10,820 --> 00:00:12,820
Што ако можете да видите само една боја?

2
00:00:13,380 --> 00:00:15,560
Не дека се во светот ќе биде во иста боја.

3
00:00:15,560 --> 00:00:18,780
Но може да ги видите само оние работи што се, на пример, зелени.

4
00:00:19,300 --> 00:00:21,300
А се друго би било невидливо.

5
00:00:21,660 --> 00:00:24,120
Не многу пријатна реалност, нели?

6
00:00:24,120 --> 00:00:26,620
Па, изгледа дека тоа е на некој начин точно!

7
00:00:27,660 --> 00:00:31,740
Кога ќе погледнете околу вас, вашите очи го гледаат он што научниците го нарекуваат "видлива светлина".

8
00:00:31,740 --> 00:00:34,200
И таа светлина, онаа за која сме научени да размислуваме,

9
00:00:34,200 --> 00:00:39,760
претставува само многу, многу мал дел од сите различни видови на светлина кои постојат во Вселената

10
00:00:39,900 --> 00:00:42,080
И повеќето од нив се невидливи за нашите очи!

11
00:00:42,820 --> 00:00:45,570
Но, постојат животни кои не се толку слепи за овие видови на светлина.

12
00:00:45,820 --> 00:00:48,820
Тоа е причината зошто змиите можат да гледаат и во ноќи без месечева светлина.

13
00:00:48,820 --> 00:00:52,060
И пчелите можат да ги видат цвеќињата со највеќе полен.

14
00:00:52,200 --> 00:00:55,100
Тие може да се видат светлини кои ние, луѓето, не можеме!

15
00:00:55,860 --> 00:01:01,060
Змии можат да видат инфрацрвена светлина, истата која ви овозможува да гледате ако ставите очила за ноќно гледање;

16
00:01:01,690 --> 00:01:06,750
пчелите можат да гледаат и ултравиолетова, светлината која гори вашата кожа ако не се заштитите со крем за сончање.

17
00:01:07,140 --> 00:01:09,640
Сите овие светлини се дел од електромагнетниот спектар,

18
00:01:10,260 --> 00:01:15,500
каде влегуваат и радио брановите, микробрановите, рентген зраците и гама зраците,

19
00:01:15,500 --> 00:01:19,100
сите други светлини не можеме да ги видиме, но се од суштинско значење за нашиот секојдневен живот.

20
00:01:20,240 --> 00:01:22,180
Микро брановите се користат за загревање на храната

21
00:01:22,180 --> 00:01:26,460
и рентген зраците, кои можат да поминат преку кожата, се користат од страна на лекарите да ги видат вашите коски.

22
00:01:26,580 --> 00:01:31,500
Работата е во тоа што, приказната за Вселената... за галаксиите, ѕвездите и планетите,

23
00:01:31,500 --> 00:01:34,520
е раскажана низ сите овие различни видови на светлини!

24
00:01:34,920 --> 00:01:37,820
И бидејќи нашите очи не гледаат надвор од видливата светлина,

25
00:01:37,820 --> 00:01:41,200
астрономите создаде нови очи што им овозможуваат да гледаат многу повеќе:

26
00:01:41,200 --> 00:01:43,360
телескопи кои можат да ја видат невидливата светлина!

27
00:01:44,120 --> 00:01:47,260
ALMA е еден од тие телескопи. Тој може да гледа радио бранови.

28
00:01:48,220 --> 00:01:52,600
Некои места во Вселената изгледаат темнои за нашите очи, но светат сјајно на радио бранови.

29
00:01:52,900 --> 00:01:57,580
Местата каде што се раѓаат ѕвездите, на пример, се полни со прашина која ја блокира видливата светлина

30
00:01:57,580 --> 00:01:59,240
и, поради тоа, тие се многу темни,

31
00:01:59,240 --> 00:02:02,680
но радио телескопите како ALMA можат да гледаат директно преку таа прашина.

32
00:02:02,680 --> 00:02:04,420
Тие можат да ги види ѕвездите во раѓање!

33
00:02:04,720 --> 00:02:07,420
Тие им овозможуваат да ги изучуваат нештата кои поинаку не можат да се изучуваат:

34
00:02:07,720 --> 00:02:12,780
како галаксии кои се многу, многу далеку, па дури и на раѓањето на други ѕвездени системи како нашиот.

35
00:02:15,660 --> 00:02:18,840
Транскрпција на ЕЅО. Превод на Андреј Стојчевски.

