1
00:00:18,840 --> 00:00:29,240
Далеку во пустината Атакама во Чиле, Многу Големиот Телескоп 
 на Европската Јужна Опсерваторија (ЕЅО) лежи на 2635 метри надморска височина.

2
00:00:32,160 --> 00:00:40,380
Овие четири големи телескопи содржат некои од најголемите огледала во светот, притоа фаќајќи светлина стара милијарда години.

3
00:00:44,580 --> 00:00:54,100
Да се ​​фати колку е можно повеќе слаба светлина од Вселената, овие огледала треба да бидат исклучително рефлективни.

4
00:00:56,440 --> 00:01:01,040
Слој од алуминиум, дебел само 80 нанометри, стои на површината на огледалото

5
00:01:01,040 --> 00:01:06,140
- повеќе од 50 квадратни метри на ZerodurⓇ керамичко стакло.

6
00:01:10,500 --> 00:01:18,640
Со текот на времето огледала се изложуваат на прашина и други загадувачи.

7
00:01:22,020 --> 00:01:25,840
За да се одржи високо - квалитетни астрономски слики,

8
00:01:25,840 --> 00:01:31,900
огледалата треба да бидат исчистени и алуминиумскиот слој редовно заменет.

9
00:01:35,760 --> 00:01:38,680
Замената на слојот претставува интензивна и макотрпна работа.

10
00:01:38,680 --> 00:01:41,440
Од витално значење за огледалото е тоа да не биде изгребано или оштетено на било каков начин.

11
00:01:45,080 --> 00:01:57,020
Ако нешто тргне наопаку не постои резервно огледало!

12
00:01:59,220 --> 00:02:09,660
Осумдневната операција започнува со внимателно возење на 23 -
 тонското огледало до фабриката за промена на слојот.

13
00:02:13,220 --> 00:02:22,960
Прво, долната страна се чисти со рака за да се отстранатт сите масла, честички и други загадувачи

14
00:02:26,560 --> 00:02:33,720
Потоа огледалото се носи во чиста соба за уште едно чистење,

15
00:02:33,720 --> 00:02:40,240
да се осигура дека нема останато големи загадувачи или прашина на површината на огледалото.

16
00:02:52,640 --> 00:03:03,020
Тогаш со киселина се отстранува алуминиумскиот филм, откривајќи вистинската килибарна боја на материјалот.

17
00:03:05,520 --> 00:03:12,620
По крајното перање и сушење, огледалото се преместува во вакуум комора.

18
00:03:14,560 --> 00:03:17,000
По извлекување на воздухот,

19
00:03:17,000 --> 00:03:21,440
електрично стимулирана плазма го завршува последното чистење и сушење на оптичката површина.

20
00:03:22,760 --> 00:03:27,500
Конечно, алуминиумските честички испаруваат на огледалото за да се создаде тенок, нов, совршено рефлектирачки слој.

21
00:03:27,500 --> 00:03:31,120
Вкупно од 12 грама!

22
00:03:34,700 --> 00:03:39,360
Се прави една конечна проверка за да се измери рефлективноста.

23
00:03:46,240 --> 00:03:50,540
Тогаш огледалото се враќа дома кај МГТ

24
00:03:50,540 --> 00:03:56,600
за да продолжи со создавање на едни од највпечатливите опсервации кои се некогаш направени.

25
00:04:11,020 --> 00:04:16,880
Транскрипција на ЕЅО; Превод од Андреј Стојчевски.

