﻿1
00:00:14,000 --> 00:00:17,500
Вселената е големо место, навистина големо место

2
00:00:17,500 --> 00:00:21,627
во кое секојдневно се случуваат нови откритија.

3
00:00:21,627 --> 00:00:25,690
Имаме слики и видеа кои се објавуваат насекаде во светот.

4
00:00:26,647 --> 00:00:29,748
Замислете ако можеме да ги носиме сите тие прекрасни работи

5
00:00:29,748 --> 00:00:32,301
во планетариумите секој ден.

6
00:00:32,301 --> 00:00:37,150
Така планетариумите би се претвориле во сосема нов вид на објекти

7
00:00:37,150 --> 00:00:40,451
кои се динамични и директно поврзани со науката.

8
00:00:41,622 --> 00:00:45,863
Вообичаено се потребни денови или недели за да дојдеме до последните достигнувања во науката,

9
00:00:45,863 --> 00:00:48,154
последните откритија во планетариумите,

10
00:00:48,154 --> 00:00:53,721
но со помош на стандард сето тоа може да се заврши за неколку минути.

11
00:00:55,088 --> 00:00:57,305
ЕЅО влезе во партнерство со Evans & Sutherland

12
00:00:57,305 --> 00:00:59,366
и Меѓународното Планетариумско Општество

13
00:00:59,366 --> 00:01:02,543
и други членови на заедницата за да изработат стандард.

14
00:01:02,543 --> 00:01:03,816
Истиот го нарековме Data2Dome

15
00:01:03,816 --> 00:01:07,459
со цел да ги доставиме последните информации до куполите.

16
00:01:07,459 --> 00:01:11,157
На некој начин, визијата за Data2Dome е континуирано

17
00:01:11,157 --> 00:01:15,503
интегрирање на сликите и видеата во планетариумите ширум светот.

18
00:01:17,236 --> 00:01:20,264
Меѓународното Планетариумско Општество работи напорно

19
00:01:20,264 --> 00:01:24,196
за да ги донесе врвните научни достигнувања до планетариумите ширум светот.

20
00:01:24,196 --> 00:01:28,511
Data2Dome ќе го олесни сето тоа со трансфер на слики, сетови од податоци,

21
00:01:28,511 --> 00:01:31,461
и изјави за печатот директно од истражувачите

22
00:01:31,461 --> 00:01:33,749
до планетариумските куполи.

23
00:01:35,117 --> 00:01:38,765
Замислете дека доаѓате наутро како планетариумски презентер

24
00:01:38,765 --> 00:01:42,000
и на бирото пред вас ги имате последните работи:

25
00:01:42,000 --> 00:01:44,363
последни слики, последни вести, последни видеа,

26
00:01:44,363 --> 00:01:46,209
и можеби можете да изберете од последните сетови на податоци

27
00:01:46,209 --> 00:01:49,097
од телескопите ширум светот и Вселената.

28
00:01:49,097 --> 00:01:52,490
Можете да биде своевиден астрономски презентер

29
00:01:52,490 --> 00:01:54,305
кој потоа може да избере од нив и

30
00:01:54,305 --> 00:01:57,929
да ги презентира на начин за кој смета дека е битен за заедницата.

31
00:01:59,387 --> 00:02:01,376
Оваа парадигма ја менува технологијата.

32
00:02:03,796 --> 00:02:04,724
Таа е навистина едноставна.

33
00:02:04,724 --> 00:02:08,043
Стандардот Data2Dome дава опис на опсерваториите и

34
00:02:08,043 --> 00:02:12,613
агенциите како ЕЅО, NASA или ЕЅА кои можат да објавуваат снимки од JSON

35
00:02:12,613 --> 00:02:15,131
со сите слики, видеа и сета друга содржина со која располагаат.

36
00:02:15,131 --> 00:02:18,820
JSON е форматот за стандардна размена на податоци

37
00:02:18,820 --> 00:02:21,403
кој е сличен на RSS кој често се користи за

38
00:02:21,403 --> 00:02:23,905
добивање на нови информации од веб сајтовите.

39
00:02:24,831 --> 00:02:26,702
Идејата беше да се одржи колку што е можно поедноставно

40
00:02:26,702 --> 00:02:29,950
за да им се помогне на опсерваториите и агенциите да ги објавуваат нивните податоци

41
00:02:29,950 --> 00:02:32,205
без постоење на голема бариера за влез.

42
00:02:33,480 --> 00:02:36,263
Денес секој планетариум опремен со Digistar 6

43
00:02:36,263 --> 00:02:37,841
има достап до Data2Dome.

44
00:02:37,841 --> 00:02:40,862
Со само неколку кликови планетариумот има пристап

45
00:02:40,862 --> 00:02:43,023
до сите податоци достапни на Data2Dome платформата.

46
00:02:44,638 --> 00:02:45,759
Покрај слики и видеа,

47
00:02:45,759 --> 00:02:49,147
Data2Dome дава пристап и до датабаза на астрономски настани.

48
00:02:49,147 --> 00:02:52,675
Што се случува на небото, историски настани кои се случиле на денешен ден.

49
00:02:55,436 --> 00:02:57,988
Како рв корисник и применувач на софтверот Data2Dome

50
00:02:57,988 --> 00:02:59,640
во заедницата на планетариумите,

51
00:02:59,640 --> 00:03:03,954
Evans & Sutherland се грижат за користење и презентација на податоците

52
00:03:03,954 --> 00:03:06,725
од Digistar на континуиран и корисен начин.

53
00:03:06,725 --> 00:03:10,006
Планетариумските оператори сега имаат директен пристап до

54
00:03:10,006 --> 00:03:13,372
илјадници средства и настани од имателите на податоци ширум светот,

55
00:03:13,372 --> 00:03:15,951
а нови содржини излегуваат секој ден.

56
00:03:17,612 --> 00:03:19,580
Се разбира дека мора да им помагаме на луѓето,

57
00:03:19,580 --> 00:03:24,086
и мора да избираме од работите кои се случуваат

58
00:03:24,086 --> 00:03:26,097
што претставува дел од системот.

59
00:03:27,111 --> 00:03:29,657
Навистина сме возбудени од работата со Evans & Sutherland

60
00:03:29,657 --> 00:03:33,529
и нашите партнери од заедницата од овој заеднички проект.

61
00:03:49,959 --> 00:03:53,200
Транскрипција на ЕЅО; превод на Андреј Стојчевски.

