1
00:00:04,460 --> 00:00:06,840
Ова се случува само еднаш во шеснаесет години

2
00:00:07,560 --> 00:00:13,160
Ќе биде толку блиску до црната дупка што нејзината брзина ќе достигне скоро 3% од брзината на светлината

3
00:00:14,120 --> 00:00:18,540
Реков на мојата сопруга "Морам да ти кажам нешто - навистина е таму

4
00:00:27,000 --> 00:00:30,940
ESOcast 173: Прва потврда на општата релативност на Ајнштајн во близина на супермасивната црна дупка

5
00:00:35,820 --> 00:00:41,240
Од објавувањето на теоријата на општата релативност на Ајнштајн во 1915 година

6
00:00:41,240 --> 00:00:47,800
научниците тргнале на стогодишно патешествие за да му докажат дека е во право ... или дека не е.

7
00:00:49,520 --> 00:00:54,900
Во потрагата по оваа цел, ЕСО ги обучуваше своите телескопи на скриено чудовиште

8
00:00:54,900 --> 00:00:59,380
во срцето на Млечниот Пат повеќе од  четврт век.

9
00:01:03,260 --> 00:01:10,260
Овој космички џин е супермасивна црна дупка, четири милиони пати поголема од масата на Сонцето

10
00:01:10,260 --> 00:01:14,120
опкружена со тесно поврзана група ѕвезди.

11
00:01:19,940 --> 00:01:24,580
Сега, по епска 26-годишна набљудувачка кампања

12
00:01:24,580 --> 00:01:33,620
ефектите од општата релативност на Ајнштајн јасно се гледаат за прв пат околу оваа супермасивна црна дупка.

13
00:01:36,740 --> 00:01:43,120
Сепак, астрономите не се само заинтересирани за тоа дали Ајнштајн бил во право.

14
00:01:43,120 --> 00:01:49,760
Тие, исто така, сакаат да ги користат овие мерења за да го тестираат нашето најосновно разбирање на Универзумот.

15
00:01:50,920 --> 00:01:55,780
Сите теории за формирањето на Универзумот - како се развива Универзумот

16
00:01:55,780 --> 00:02:00,660
се базираат на една филозофска и фундаментална претпоставка, која вели дека законите на физиката

17
00:02:00,660 --> 00:02:04,760
се валидни насекаде во Универзумот и во секое време во Универзумот.

18
00:02:04,760 --> 00:02:11,120
Додека овде на Земјата можеме да ги докажеме овие закони на физиката сега и под одредени околности.

19
00:02:11,120 --> 00:02:15,640
Значи, во астрономијата е многу важно да се провери дали овие закони на физиката

20
00:02:15,640 --> 00:02:20,040
се уште се валидни каде гравитационите полиња се многу посилни

21
00:02:24,900 --> 00:02:33,060
Подготовките за овој пробив започнаа во почетокот на 2018 година, кога астрономите отпатуваа во опсерваторијата Паранал на ЕЅО

22
00:02:33,060 --> 00:02:38,260
да ја измерат една од најекстремните гравитациони лаборатории.

23
00:02:42,000 --> 00:02:46,320
Па, го гледате центарот на нашиот Млечен Пат, каде што се сомневаме дека има црна дупка

24
00:02:46,320 --> 00:02:50,820
има ѕвезди што орбитираат околу оваа централна црна дупка.

25
00:02:50,820 --> 00:02:57,520
И овие ѕвезди се мерни објекти, ако милувате. Тие ја тестираат гравитацијата на објектот.

26
00:02:57,520 --> 00:03:03,640
Особено една ѕвезда која сега ја следиме - верувале или не - 25 години.

27
00:03:04,580 --> 00:03:14,740
Оваа ѕвезда, наречена S2, неодамна помина многу блиску до црна дупка со брзина поголема од 25 милиони километри на час.

28
00:03:16,040 --> 00:03:20,860
Астрономите беа подготвени и чекаа максимално да ја искористат оваа уникатна можност

29
00:03:20,860 --> 00:03:23,500
со најсовремените инструменти на ЕЅО.

30
00:03:25,920 --> 00:03:32,560
Во пролетта 2018 година, една од нашите најдобри ѕвезди која лета околу црната дупка во галактичкиот центар

31
00:03:32,560 --> 00:03:37,980
всушност дојде најблиску до црната дупка и тоа е она што сакаме да го набљудуваме и тоа е настанот што сакаме да го следиме.

32
00:03:39,380 --> 00:03:45,380
Со овие мерења се тестираа границите на моќта на Многу Големиот Телескоп на ESO.

33
00:03:47,120 --> 00:03:54,140
Треба да добиете многу остри слики, а најдобриот начин да добиете остри слики е да направите големи телескопи

34
00:03:55,760 --> 00:03:59,800
Дури и со импресивната големина на Многу Големиот Телескоп

35
00:03:59,800 --> 00:04:06,000
единствен начин за прецизно мерење на патеката на брзото патување на S2 околу супермасивната црна дупка

36
00:04:06,000 --> 00:04:09,240
наложи иновативна тимска работа.

37
00:04:10,780 --> 00:04:16,540
Создавме супер телескоп - во овој случај кој е со дијаметар од 130 метри.

38
00:04:17,680 --> 00:04:25,020
Светлината од сите четири единични телескопи на Многу Големиот Телескоп беше комбинирана со инструментот GRAVITY

39
00:04:25,020 --> 00:04:28,820
што им ја даде на астрономите чувствителноста која им беше потребна.

40
00:04:29,760 --> 00:04:34,620
Сите четири телескопи работеа заедно.

41
00:04:34,620 --> 00:04:39,020
Ова ја комбинира светлината од сите четири телескопи и ова е GRAVITY

42
00:04:39,620 --> 00:04:45,760
Го мери движењето кое е еквивалентно на еден астронаут на Месечината кој се движи со фенерче за околу 10 см

43
00:04:48,040 --> 00:04:56,960
GRAVITY работел со уште две од најсовремените инструменти на ЕСО за да открие ефект наречен гравитационо црвено поместување.

44
00:04:57,440 --> 00:05:02,500
Ова е видливо кога светлината од ѕвездата се растега на подолги бранови должини

45
00:05:02,500 --> 00:05:06,320
под дејство на многу силното гравитационо поле на црна дупка.

46
00:05:10,860 --> 00:05:14,680
За откривањето се користеше комбинација од три инструменти на ЕЅО

47
00:05:14,680 --> 00:05:19,600
NACO, SINFONI и GRAVITY, и сите три од нив се единствени.

48
00:05:20,940 --> 00:05:27,160
Сепак, зафаќањето на фините детали за гравитационото црвено поместување не беше лесна задача.

49
00:05:28,700 --> 00:05:32,420
Ух. Тоа беше долга патека. Беше многу, многу тешко.

50
00:05:32,420 --> 00:05:37,020
Тоа е долга приказна - многу препреки! Не секогаш лесно, но многу предизвикувачки.

51
00:05:42,640 --> 00:05:48,700
Ова е прв пат ова отстапување од предвидувањата на поедноставената Њутнова гравитација

52
00:05:48,700 --> 00:05:54,040
да биде забележано во движењето на ѕвезда околу супермасивна црна дупка

53
00:05:54,040 --> 00:06:00,100
и е резултат на долгогодишна соработка помеѓу ЕЅО и други институции.

54
00:06:02,160 --> 00:06:07,680
Ова е една од огромните придобивки на ЕЅО, како и начинот на кој работи ЕЅО

55
00:06:07,680 --> 00:06:15,580
е дека секогаш има многу силна соработка помеѓу ЕЅО и институтите во нејзините земји-членки

56
00:06:15,580 --> 00:06:25,860
што е многу уникатно во светот, бидејќи му овозможува на ЕЅО и членовите на ЕЅО да преземаат проекти како GRAVITY.

57
00:06:28,400 --> 00:06:32,300
Благодарение на меѓународните соработки и инструменти на ЕСО

58
00:06:32,300 --> 00:06:39,520
астрономите успеале да бидат сведоци на спектаклот на една ѕвезда која минува покрај супермасивна црна дупка

59
00:06:39,520 --> 00:06:46,040
обезбедувајќи совршен космички експеримент за тестирање на нашето разбирање на физиката.

60
00:06:46,500 --> 00:06:52,880
Повеќе од сто години од објавувањето на статијата со која ги постави равенките на општата релативност

61
00:06:52,880 --> 00:06:56,340
Ајнштајн уште една бил докажан дека бил во право

62
00:06:56,340 --> 00:07:01,760
во поекстремна лабораторија отколку што тој можел да замисли!

63
00:07:15,960 --> 00:07:19,720
Транскрибиран од ЕЅО; Превод од англиски на Андреј Стојчевски:

