1
00:00:03,780 --> 00:00:07,040
Астрономите со помош на плејада на ЕСО телескопи

2
00:00:07,040 --> 00:00:11,520
за прв пат го имаат регистрирано видливиот пандан на гравитационите бранови:

3
00:00:11,960 --> 00:00:15,000
на килонова од спојувањето на неутронски ѕвезди.

4
00:00:26,560 --> 00:00:30,080
Епизода 133 // Телескопите на ЕЅО ја регистрираат првата светлина од извор на гравитациони бранови

5
00:00:30,320 --> 00:00:32,640
На 17-ти август 2017 година,

6
00:00:32,920 --> 00:00:40,380
соработка LIGO-Девица откри гравитациони бранови кои се шират низ ткивото на време-просторот.

7
00:00:41,040 --> 00:00:45,500
Само две секунди подоцна два вселенски телескопи на ЕЅА и NASA

8
00:00:45,960 --> 00:00:50,940
исто така открија краток излив на гама-зраци кои доаѓаат од иста област на небото.

9
00:00:52,480 --> 00:00:55,900
Оваа случајност не била регистриранапорано

10
00:00:55,900 --> 00:01:00,200
и истата ги зголеми надежите дека астрономите можат да посведочат на еден катаклизмичен настан -

11
00:01:00,640 --> 00:01:04,900
комбинација на две неутронски ѕвезди во експлозивно спојување.

12
00:01:05,740 --> 00:01:11,840
Ако е така, тогаш се очекува да следи појава на пандан на видлива свеетлина познат како килонова.

13
00:01:11,840 --> 00:01:13,360
Ловот започна!

14
00:01:17,020 --> 00:01:19,520
Телескопите на ЕЅО и нејзините партнерски телескопи во Чиле

15
00:01:20,220 --> 00:01:23,820
им се придружија на другите опсерватории во потрагата по нови извори на светлина.

16
00:01:24,340 --> 00:01:26,340
Тие бараа игла во стог сено -

17
00:01:26,850 --> 00:01:30,119
слаба светлина меѓу милион ѕвезди.

18
00:01:30,780 --> 00:01:34,320
Но, за среќа, тие го пронајдоа по само неколку часа -

19
00:01:35,000 --> 00:01:38,520
во галаксијата NGC 4993,

20
00:01:38,520 --> 00:01:41,780
130 милиони светлосни години од Земјата.

21
00:01:44,560 --> 00:01:46,680
Во текот на следните неколку недели,

22
00:01:46,680 --> 00:01:53,520
астрономите користеле еден од домаќинските телескопи на ЕСО со повеќе од 10 различни инструменти за да ја снимаат килоновата.

23
00:01:55,360 --> 00:02:01,680
Спојувањата на неутронски ѕвезди се печките каде се создаваат повеќето хемиски елементи кои се потешки од железо.

24
00:02:02,020 --> 00:02:06,640
Килоновата, настан кој е за 1000 пати посветол од типична нова,

25
00:02:07,060 --> 00:02:10,300
ги шири новоформираните елементи во околниот простор.

26
00:02:11,020 --> 00:02:16,720
Тука влегуваат златото во накит, платината во катализатори во автомобилите,

27
00:02:16,720 --> 00:02:19,280
и ураниумот во нуклеарните реактори.

28
00:02:21,080 --> 00:02:24,400
Ваква експлозија никогаш порано не била регистрирана,

29
00:02:25,040 --> 00:02:27,940
но сега една таква може да се изучува во големи детали!

30
00:02:28,820 --> 00:02:36,760
Опсервациите на ЕЅО открија вонреден и брзо променлив настан, тесно рефлектирачка теорија.

31
00:02:37,420 --> 00:02:43,180
Тешки, радиоактивни елементи беа истрелани во Вселената со брзина од една петтина од брзината на светлината.

32
00:02:44,000 --> 00:02:49,720
За само неколку дена бојата на килоновата се промени од сина во црвена,

33
00:02:50,120 --> 00:02:53,940
побрзо од било која друга регистрирана ѕвездена експлозија.

34
00:02:57,740 --> 00:03:04,040
Благодарение на брзата реакција на групи на квалификувани научници и многу широкиот спектар на инструменти ЕЅО,

35
00:03:04,040 --> 00:03:10,520
оваа килонова беше лоцирана преку широка лепеза на бранови должини за само неколку денови.

36
00:03:11,140 --> 00:03:16,760
Овој настан го обележи почетокот на една нова ера на повеќе-гласничката астрономија.

37
00:03:17,140 --> 00:03:23,320
За прв пат во историјата, сега можеме да комбинираме светлосни сигнали со гравитациони бранови

38
00:03:23,320 --> 00:03:27,520
за да обезбедиме целосно нов начин за испитување на Вселената.

39
00:03:33,400 --> 00:03:38,240
Транскрипција на ЕЅО. Превод на Андреј Стојчевски.

