﻿1
00:00:04,000 --> 00:00:10,000
Во 2014 година, врвот на планината Амазонски врвови која се наоѓа во срцето на чилеанската пустина Атакама

2
00:00:10,000 --> 00:00:14,000
бил остранет на доста драматичен начин.

3
00:00:15,000 --> 00:00:23,000
Крајниот резултат беше создавање на рамнина, првата фаза од најамбициозниот проект на ЕЅО до сега

4
00:00:23,000 --> 00:00:30,000
- конструкција на Европскиот Екстремно Голем Телескоп или Е-ЕГТ скратено.

5
00:00:31,000 --> 00:00:36,000
ЕЅО го додели најголемиот договор во терестријалната астрономија

6
00:00:36,000 --> 00:00:41,000
- за да ја изгради куполата и структурата на Е-ЕГТ.

7
00:00:41,000 --> 00:00:47,000
Сега е добро време за да видиме како ќе изгледа Е-ЕГТ.

8
00:00:52,000 --> 00:00:54,000
Ова е ESOcast!

9
00:00:54,000 --> 00:00:58,000
Врвна наука и животот зад сцените во ЕЅО,

10
00:00:58,000 --> 00:01:02,000
Европската Јужна Опсерваторија.

11
00:01:14,000 --> 00:01:21,000
Во близина на опсерваторијата Паранал на ЕЅО, планината Амазонски врвови ќе стане дом на Е-ЕГТ,

12
00:01:21,000 --> 00:01:26,000
еден од следната генерација на гигантски телескопи.

13
00:01:26,000 --> 00:01:33,000
Главно огледало со дијмаетар од 39 метри и заштитната купола со висина од 80 метри,

14
00:01:33,000 --> 00:01:38,000
го прават овој телескоп да биде еден од најголемите астрономски проекти

15
00:01:38,000 --> 00:01:42,000
- навистина екстремно голем телескоп!

16
00:01:45,000 --> 00:01:51,000
Е-ЕГТ, како и сите големи астрономски телескопи е рефлективен телескоп

17
00:01:51,000 --> 00:01:56,000
- огледалата се клучни за неговото функционирање, а вкупно постојат пет такви.

18
00:01:58,000 --> 00:02:01,000
Со одбивање на светлината од едно до друго огледало,

19
00:02:01,000 --> 00:02:05,000
возможно е да се направи овој телескоп да биде релативно компактен.

20
00:02:05,000 --> 00:02:13,000
Телескопот ќе беѓе уште поголем ако овие огледала не се свиткуваа во светлинскиот столб.

21
00:02:13,000 --> 00:02:19,000
Огледалата можат да се користат на начин што ќе овозможи да се добие што појасна слика.

22
00:02:20,000 --> 00:02:26,000
Главното огледало е поделено и е составено од 798 индивидуални елементи,

23
00:02:26,000 --> 00:02:33,000
кои ставени заедно чинат рефлективна површина со дијаметар од 39 метри.

24
00:02:35,000 --> 00:02:42,000
Слабата светлина која доаѓа од далечните објекти се рефлектира од главното огледало преку четири други огледала,

25
00:02:42,000 --> 00:02:49,000
за на крајот да се најде во фокусот на телескопот, каде ќе бидат поставени софистирани научни иструменти.

26
00:02:50,000 --> 00:02:53,000
Огледалото М4 е доста посебно.

27
00:02:53,000 --> 00:03:01,000
Тоа е многу тенко, флексибилно огледало сместено во центарот на адаптивната оптика на Е-ЕГТ.

28
00:03:03,000 --> 00:03:10,000
Системите за адаптивна оптика со голема прецизност го собираат и свиткуваат огледалото

29
00:03:10,000 --> 00:03:14,000
за да го компензираат замаглувачкиот ефект на земјината атмосфера.

30
00:03:16,000 --> 00:03:21,000
Ова ќе му овозможи на Е-ЕГТ да направи слики од небесни објекти

31
00:03:21,000 --> 00:03:25,000
кои ќе бидат 15 пати почисти од оние направени со вселенскиот телескоп Хабл.

32
00:03:28,000 --> 00:03:33,000
Е-ЕГТ ќе биде опремен со врвни научни инструменти

33
00:03:33,000 --> 00:03:37,000
како што му доликува на најмоќниот телескоп во светот.

34
00:03:38,000 --> 00:03:41,000
Дизајнот на овие инструменти веќе е започнат,

35
00:03:41,000 --> 00:03:47,000
а ќе овозможи да се искористи големата истражувачка моќ на телескопот.

36
00:03:49,000 --> 00:03:52,000
Во текот на ова прекрасно инженерство,

37
00:03:53,000 --> 00:03:57,000
да не заборавиме дека сето ова е поврзано со науката.

38
00:03:57,000 --> 00:04:01,000
Како најголем и најсофистициран телескоп

39
00:04:01,000 --> 00:04:07,000
Е-ЕГТ ќе не внесе во новата ера на опсервационата астрономија.

40
00:04:08,000 --> 00:04:11,000
Неговото огромно примарно огледало ќе извршува две функции

41
00:04:12,000 --> 00:04:17,000
кои ќе го издвои Е-ЕГТ од останатите големи телескопи од сегашната генерација.

42
00:04:17,000 --> 00:04:25,000
Прво, ќе собира 15 пати повеќе светлина отколку било кој друг оптички телескоп кој функционира денес,

43
00:04:25,000 --> 00:04:30,000
што ќе им овозможи на научниците да набљудуваат многу позатаени објекти.

44
00:04:31,000 --> 00:04:35,000
Второ, заедно со системот за адаптивна оптика,

45
00:04:35,000 --> 00:04:41,000
ќе прави слики кои се посјајни и подетални од оние што ни се достапни денес.

46
00:04:49,000 --> 00:04:55,000
Тоа ќе им овозможи на астрономите да ги проучуваат планетите околу другите ѕвезди со неверојатна деталност.

47
00:04:56,000 --> 00:05:00,000
Ќе научиме како планетите и условите на нивните површини биле.

48
00:05:02,000 --> 00:05:06,000
Можеби ќе пронајдеме и планета која е слична на Земјата,

49
00:05:06,000 --> 00:05:11,000
а можеби ќе пронајдеме и доказ за некоја форма на живот на друга планета.

50
00:05:14,000 --> 00:05:18,000
Далечната Вселена ќе ја откриеме на начин кој не бил возможен порано.

51
00:05:20,000 --> 00:05:25,000
Е-ЕГТ ќе даде одговор на важни прашања за начинот на кој Вселената

52
00:05:25,000 --> 00:05:29,000
настанала и за нејзината иднина.

53
00:05:32,000 --> 00:05:37,000
Ќе ни овозможи да ја проучиме еволуцијата на галаксија од прастари времиња

54
00:05:37,000 --> 00:05:41,000
и ќе ни каже повеќе за некои од најсилните природни настани,

55
00:05:41,000 --> 00:05:48,000
кога црните дупки во центрите на галаксиите собирале материјал и постанале активни галактички јадра.

56
00:05:52,000 --> 00:05:57,000
ЕЅО има долга и горда историја на проширување на границите на астрономијата

57
00:05:57,000 --> 00:06:00,000
- како од аспект на инженерство, така и од аспект на науката.

58
00:06:00,000 --> 00:06:05,000
Е-ЕГТ е следниот чекор во потрагата на ЕЅО

59
00:06:05,000 --> 00:06:11,000
- поточно во потрагата на човештвото за откривање на мистериите на Вселената.

60
00:06:12,000 --> 00:06:17,000
Тоа е голем чекор, но секако нема да биде последен.

61
00:06:35,000 --> 00:06:39,000
Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.

