﻿1
00:00:04,000 --> 00:00:08,000
Кое место надвор од Соларниот систем е најдобро за потрага по живот?

2
00:00:09,500 --> 00:00:13,600
Користејќи ги телескопите на опсерваториите на  ЕЅО во Чиле, астрономите

3
00:00:14,000 --> 00:00:20,000
откриле три планети околу темна џуџеста ѕвезда лоцирана на 40 светлосни години од Земјата.

4
00:00:20,781 --> 00:00:27,004
Овие светови имаат големини и температури слични на оние на Венера и Земја.

5
00:00:27,045 --> 00:00:34,100
Тие до сега можеби претставуваат најдобрите цели откриени во потрагата за живот во Вселената.

6
00:00:38,000 --> 00:00:40,717
Ова е ESOcast!

7
00:00:41,000 --> 00:00:48,751
Врвна наука и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

8
00:01:01,100 --> 00:01:04,783
Новите телескопи и современите инструменти

9
00:01:05,000 --> 00:01:11,200
им овозможија на астрономите да откријат и проучат голем број на планети околу други ѕвезди -

10
00:01:11,205 --> 00:01:13,885
познати како егзо - планети.

11
00:01:14,000 --> 00:01:19,100
Денес научниците се во потрага по планети на кои во блиска иднина можеме да откриеме живот -

12
00:01:19,300 --> 00:01:22,127
доколку постои.

13
00:01:22,500 --> 00:01:28,000
Астрономите се надеваат дека ќе откријат карактеристични белези на атмосферите на овие планети

14
00:01:28,002 --> 00:01:32,602
од молекули кои можат да индицираат присуство на живот.

15
00:01:35,820 --> 00:01:38,453
Но, во нашата галаксија постојат милијарда ѕвезди,

16
00:01:38,455 --> 00:01:42,563
па како астрономите можат да ги најдат планетите кои ги бараат?

17
00:01:43,100 --> 00:01:50,124
Типот на мала темна црвена ѕвезда наречена ултра - ладно џуџе е добро место за истражување.

18
00:01:50,250 --> 00:01:58,228
Овие типови на ѕвезди се единствените места каде со помош на постоечката технологија може да биде откриен живот на егзо - планети со големина на Земјата.

19
00:01:58,240 --> 00:02:02,547
Светлината од посјајните ѕвезди - како нашето Сонце на пример -

20
00:02:02,550 --> 00:02:08,143
може да ги отежни атмосферските мерења на планетите - кандидати.

21
00:02:10,300 --> 00:02:16,027
Меѓународен тим на астрономи го користеле белгискиот телескоп TRAPPIST

22
00:02:16,027 --> 00:02:21,715
за да ја следат сјајноста на ултра - ладна џуџеста ѕвезда во соѕвездието Водолија,

23
00:02:21,715 --> 00:02:24,897
наречена TRAPPIST - 1.

24
00:02:25,752 --> 00:02:28,500
Астрономите откриле дека оваа ѕвезда се затемнувала на редовни временски интервали

25
00:02:29,026 --> 00:02:34,200
што индицирало дека три планети поминувале помеѓу ѕвездата и Земјата -

26
00:02:34,201 --> 00:02:36,874
познато како транзит.

27
00:02:38,055 --> 00:02:44,960
Ѕвездата TRAPPIST - 1 е поладна и поцрвена од Сонцето и за малку поголема од Јупитер.

28
00:02:45,000 --> 00:02:50,358
Ваквите ѕвезди се честа појава во Млечниот пат и имаат долг век.

29
00:02:50,390 --> 00:02:56,604
Ова е прв пат да биде откриена планета околу овие ѕвезди.

30
00:02:59,200 --> 00:03:04,962
Транзитите обезбедуваат мноштво на информации за планетата.

31
00:03:06,100 --> 00:03:11,719
Тимот астрономи успеал да утврди дека овие три планети се слична по големина со Земјата

32
00:03:11,719 --> 00:03:15,620
и дека тие орбитираат многу близу до ѕвездата.

33
00:03:16,061 --> 00:03:24,300
Највозбудливо е тоа што е можно овие планети да поддржуваат услови за живот.

34
00:03:24,350 --> 00:03:32,976
Истражувањето покажало дека трите планети се погодни за откривање на биолошка активност.

35
00:03:36,000 --> 00:03:39,700
Следниот чекор е да се направат уште подеталени набљудувања,

36
00:03:39,800 --> 00:03:46,089
користејќи ги телескопите од следната генерација, како што е Европскиот Исклучително Голем Телескоп на ЕЅО

37
00:03:46,150 --> 00:03:51,700
и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, кој ќе биде лансиран во Вселената во 2018 година.

38
00:03:51,750 --> 00:03:56,329
Со тоа ќе им се овозможи на астрономите да ги проучуваат атмосферите на ваквите планети,

39
00:03:56,330 --> 00:04:03,500
и да бараат молекули кои се поврзани со биолошка активност, како озон, метан или вода.

40
00:04:05,200 --> 00:04:12,637
Ултра - ладните џуџести ѕвезди се вообичаени - под овој тип на ѕвезди потпаѓаат дури 15% од ѕвездите во близина на нашето Сонце.

41
00:04:13,700 --> 00:04:18,396
Ова откритие отвара нова авенија во потрагата по планети,

42
00:04:18,396 --> 00:04:29,402
авенија која ќе не приближи до откривањето на доказ за постоење на живот на далечните светови.

43
00:04:48,635 --> 00:04:51,000
Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.

