﻿1
00:00:01,000 --> 00:00:08,000
Сликите од Многу Големиот Телескоп на ЕЅО, НАСА и Европската Вселенска Агенција откриваат

2
00:00:08,000 --> 00:00:17,000
уникатна и сосема неочекувана структура во дискот околу ѕвездата АУ Микроскоп.

3
00:00:18,000 --> 00:00:28,000
Овие брзи структури со форма на бранови до сега не биле регистрирани, ниту пак предвидени.

4
00:00:33,000 --> 00:00:44,000
Ова е ESOcast! Современа технологија и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

5
00:00:50,000 --> 00:01:00,000
АУ Микроскоп или скратено АУ Мик е млада ѕвезда во близина, околу која постои голем диск од прашина.

6
00:01:00,000 --> 00:01:06,000
Со истражување на овие дискови се дошло до важни информации за начинот на кој се формираат планетите.

7
00:01:08,000 --> 00:01:16,000
Долго време астрономите го проучуваат дискот на АУ Мик за да откријат било какви докази за постоење на збивања или свиткувања.

8
00:01:17,000 --> 00:01:22,000
Ваквите карактеристики можат да бидат индикатори за откривање на локацијата на потенцијалните планети.

9
00:01:25,000 --> 00:01:32,000
Во нивните истражувања, астрономите ги користеле новите телескопи на ЕЅО

10
00:01:32,000 --> 00:01:36,000
инструментот SPHERE, кој се наоѓа на Многу Големиот Телескоп.

11
00:01:37,000 --> 00:01:41,000
Астрономите откриле нешто сосема неочекувано.

12
00:01:59,000 --> 00:02:06,000
На новата слика биле идентификувани пет сводови со форма на бранови на различни растојанија околу ѕвездата.

13
00:02:09,000 --> 00:02:18,000
Астрономите ги споредиле податоците добиени со инструментот SPHERE со сликите од дискот направени во 2010 и 2011 година со вселенскиот телескоп Хабл.

14
00:02:18,000 --> 00:02:25,000
Со споредба на податоците се покажало дека овие бранови се движат многу брзо.

15
00:02:26,000 --> 00:02:34,000
Најмалку три од нив се движат со брзина која е доволно за да излезат од гравитационата влеча на ѕвездата.

16
00:02:34,000 --> 00:02:39,000
Овие големи брзини ја исклучуваат можноста дека станува звор за традиционални карактеристики на дискот

17
00:02:39,000 --> 00:02:45,000
предизвикани од орбитата на планетите околу ѕвездата.

18
00:02:45,000 --> 00:02:52,000
Мора да постои нешто друго кое врши забрзување на брановите и кое што ги придвижува.

19
00:02:52,000 --> 00:02:57,000
Ова значи дека станува збор за нешто сосема невообичаено.

20
00:02:59,000 --> 00:03:04,000
Едно објаснување за ваквите чудни структури претставуваат нишките од ѕвездата (кои се слични на соларните нишки, н.з).

21
00:03:05,000 --> 00:03:11,000
АУ Мик често врши ослободување на големи количества енергија (во форма на нишки, н.з) од својата површина.

22
00:03:13,000 --> 00:03:17,000
Една од овие нишки можеби извршила ерозија

23
00:03:17,000 --> 00:03:21,000
на материјалот од некоја од планетите - ако воопшто постојат планети.

24
00:03:22,000 --> 00:03:28,000
Овој материјал можеби се распространил низ дискот со помош на силата од нишките.

25
00:03:30,000 --> 00:03:35,000
За да го добиеме конечниот одгвовор за природата на овие карактеристики астрономите имаат потреба

26
00:03:35,000 --> 00:03:40,000
од дополнителни опсервации од Земјата и Вселената.

27
00:03:41,000 --> 00:03:50,000
Но, за сега, овие интересни карактеристики остануваат големо изненадување и нерешена мистерија.

28
00:03:52,000 --> 00:03:56,000
Транскрипција од ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.

