﻿1
00:00:04,000 --> 00:00:07,890
Инструментот MUSE кој е инсталиран на Многу Големиот Tелескоп на ЕЅО

2
00:00:07,890 --> 00:00:14,220
им овозможил на астрономите да добијат најдобар три-димензионален поглед на длабоката вселена.

3
00:00:14,800 --> 00:00:20,060
Набљудувајќи го јужниот дел од Хабловото длабоко поле (кое е дел од соѕвездието Голема Мечка) во продолжение на 27 часа,

4
00:00:20,060 --> 00:00:24,860
со овие нови опсервации се откриваат растојанија, движења

5
00:00:24,860 --> 00:00:31,720
и други карактеристики на многу повеќе галаксии во ова мало парче од небото.

6
00:00:31,720 --> 00:00:38,580
Со нови опсервации надвор од Хабловиот регион се откриваат нови, порано непознати објекти.

7
00:00:42,200 --> 00:00:44,990
Ова е ESOcast!

8
00:00:45,390 --> 00:00:53,010
Врвна наука и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

9
00:01:04,000 --> 00:01:11,950
Со помош на долга експозиција биле создадени многу слики на длабокото поле, кои даваат информации за почетокот на Вселената.

10
00:01:12,530 --> 00:01:18,650
Најпознатата од овие слики била направена во 1995 година и е позната како Хаблово длабоко поле (Hubble Deep Field),

11
00:01:18,960 --> 00:01:23,720
која за кратко го променила нашето мислење за почетокот на Вселената.

12
00:01:23,720 --> 00:01:32,260
Две години подоцна била направена слична таква слика од јужното небо и истата била наречена Хаблово јужно длабоко поле (Hubble Deep Field South).

13
00:01:32,940 --> 00:01:36,450
Но овие слики не го дале бараниот одговор.

14
00:01:37,360 --> 00:01:42,670
За да научат повеќе, астрономите морале да ги набљудуваат галаксиите со помош на други инструменти -

15
00:01:43,280 --> 00:01:50,170
за да ја разделат светлината на нејзините составни бои и да ги измерат растојанијата и другите карактеристики.

16
00:01:51,210 --> 00:01:54,710
Оваа задача била вршена бавно и макотрпно.

17
00:01:55,330 --> 00:02:02,020
Но сега, новиот инструмент MUSE може да ја врши истата задача во еден потег-

18
00:02:02,020 --> 00:02:04,480
и многу побрзо.

19
00:02:05,140 --> 00:02:10,630
Една од првите задачи на MUSE беше да го набљудува јужниот дел на Хабловото длабоко поле-

20
00:02:11,150 --> 00:02:14,890
а резултатот од завршената задача ги надминал сите очекувања.

21
00:02:16,650 --> 00:02:19,760
Дури и со помала експозиција од онаа на телескопот Хабл,

22
00:02:19,900 --> 00:02:27,500
со MUSE биле откриени повеќе од дваесет помалку сјајни објекти кои не биле регистрирани со Хабл.

23
00:02:28,510 --> 00:02:33,210
Со MUSE се обезбедени мноштво податоци за секој пиксел во сликата

24
00:02:33,210 --> 00:02:35,790
некаде околу 90.000 пиксели -

25
00:02:35,790 --> 00:02:44,390
кои им помагаат на астрономите во одредувањето на оддалеченоста, составот и внатрешните движења на далечните галаксии.

26
00:02:44,390 --> 00:02:51,750
Наместо една, со MUSE биле создадени илјадници слики,

27
00:02:51,750 --> 00:02:55,360
секоја прикажана во различна боја.

28
00:02:57,910 --> 00:03:06,780
Благодарение на новите опсервации, научниците успеале да го измерат растојанието до 189 галаксии во овој дел од ноќното небо (се мисли на Хабловото длабоко поле).

29
00:03:06,780 --> 00:03:10,660
Тие се обележани на оваа слика со симболи во боја.

30
00:03:11,020 --> 00:03:14,020
Боите ја покажуваат оддалеченоста на галаксиите-

31
00:03:14,020 --> 00:03:20,860
сините и зелените се релативно близу, розевите и виолетовите се повеќе оддалечени.

32
00:03:20,860 --> 00:03:24,670
Тие можат да се видат кога Вселената била уште млада.

33
00:03:24,670 --> 00:03:31,200
Триаголниците се објекти кои се толку слабо видливи што воопшто не можат да се видат на сликите направени со Хабл-

34
00:03:31,200 --> 00:03:34,700
но кои се видливи за MUSE

35
00:03:36,870 --> 00:03:41,740
Со MUSE може да се види ротацијата на поблиските галаксии

36
00:03:41,740 --> 00:03:46,520
а исто така можат да се видат белезите по кои една галаксија се разликува од друга.

37
00:03:47,140 --> 00:03:49,890
Кога поминуваат пред MUSE

38
00:03:49,890 --> 00:03:54,510
едната страна од ротирачката галаксија се појавува пред другата страна

39
00:03:54,510 --> 00:03:58,510
бидејќи едната страна се приближува, а другата се оддалечува.

40
00:03:58,510 --> 00:04:05,610
Доплеровиот ефект ја поместува светлината кон сината или црвената боја во спектарот на бои.

41
00:04:08,830 --> 00:04:13,320
MUSE ја покажал својата моќ да ја истражува далечната Вселена.

42
00:04:14,050 --> 00:04:18,050
Астрономите сега ќе можат да проучуваат илјадници галаксии,

43
00:04:18,050 --> 00:04:22,710
како и да откријат нови, исклучително бледи и далечни галаксии.

44
00:04:23,240 --> 00:04:28,380
Овие новородени галаксии кои ги гледаме какви што биле пред 10 милијарди години,

45
00:04:28,380 --> 00:04:33,760
постепено еволуирале во галаксии како Млечниот Пат.

46
00:04:33,760 --> 00:04:42,480
Проучувањето на овие млади галаксии дава непроценлив поглед на галактичката еволуција.

47
00:04:55,900 --> 00:05:02,020
Транскрипција од ESO; превод - Андреј Стојчевски

