﻿1
00:00:04,720 --> 00:00:12,360
Во опсерваторијата Паранал на ЕЅО беше ставена во употреба нова машина за потрага на планети.

2
00:00:12,660 --> 00:00:20,800
Транзитниот систем за набљудување од следната генерација (The Next-Generation Transit Survey system) ќе ги бара планетите додека тие поминуваат пред нивните родителски ѕвезди (како што е Сонцето за Земјата)

3
00:00:21,510 --> 00:00:31,660
Кога планетата ќе помине пред родителската ѕвезда секогаш доаѓа до нејзино благо затемнување, а ваквиот ефект може да се регистрира со помош на инструменти.

4
00:00:36,910 --> 00:00:39,540
Ова е ESOcast!

5
00:00:39,540 --> 00:00:47,030
Врвна наука и животот зад кулисите во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

6
00:00:59,580 --> 00:01:08,080
Опсерваторијата Паранал на ЕЅО нуди изврсни услови за набљудување и одлични помошни објекти.

7
00:01:08,920 --> 00:01:12,810
Таа е совршеното место за системот од идната генерација за транзитно набљудување.

8
00:01:15,380 --> 00:01:22,740
Овој објект за набљудување беше изграден од англиски, швајцарски и германски конзорциум

9
00:01:23,120 --> 00:01:31,010
и е составен од мрежа од 12 телескопи, секој со дијаметар од 20 центиметри.

10
00:01:31,090 --> 00:01:36,040
Неговата единствена задача е да регистрира транзитни егзо - планети.

11
00:01:39,940 --> 00:01:42,650
Ако случајно забележиме орбита на некоја планета од страничен агол

12
00:01:42,650 --> 00:01:53,140
таа планета ќе помине пред нејзината (родителска) ѕвезда, а кога сето тоа ќе го видиме од Земјата ќе забележиме дека ќе дојде до намалување на сјаноста на ѕвездата.

13
00:01:53,140 --> 00:02:00,790
Овие мали и чести намалувања на сјајноста можат да се искористат за откривање на нови ѕвезди.

14
00:02:04,160 --> 00:02:10,780
Системот од идната генерација за транзитно набљудување ќе го користи овој транзитен метод во потрагата по егзо - планети (планети кои се наоѓаат надвор од Соларниот систем).

15
00:02:16,080 --> 00:02:19,330
Овој систем функционира како робот на далечинско управување.

16
00:02:19,950 --> 00:02:25,420
Истиот ќе се фокусира на потрага по егзо - планети со големина на Нептун и со големина помала од онаа на Нептун,

17
00:02:25,420 --> 00:02:30,580
со дијаметар кој е за два до осум пати поголем од оној на Земјата.

18
00:02:33,890 --> 00:02:42,400
Тој во продолжение ќе ја следи сјајноста на стотоци илјади релативно сјајни ѕвезди на јужното небо.

19
00:02:46,780 --> 00:02:53,790
Со Системот од идната генерација за транзитно набљудување се постигнува ниво на прецизност во мерењет на сјајноста на ѕвездите -

20
00:02:53,790 --> 00:02:55,830
1/1000

21
00:02:55,830 --> 00:03:02,120
кое никогаш порано не било постигнато со помош на копнен мерен инструмент со широко поле.

22
00:03:04,580 --> 00:03:16,700
Егзо - планетите кои ќе бидат откриени со помош на Системот од идната генерација за транзитно набљудување ќе бидат дополнително проучени со помош на други поголеми телескопи, вклучително и со Многу Големиот Телескоп на ЕЅО.

23
00:03:16,700 --> 00:03:23,410
Една од целите е да се пронајде мала егзо - планета чија сјајност е доволно за да може да се измери нивната маса.

24
00:03:23,410 --> 00:03:33,240
Со тоа ќе може да се извлече заклучок за  планетарната густина, која ќе даде информации за составот на планетите.

25
00:03:35,840 --> 00:03:43,480
Додека егзо - планетите транзитираат, можно е исто така да се истражат нивните атмосфери.

26
00:03:43,480 --> 00:03:55,510
Додека егзо - планетите транзитираат пред нивните ѕвезди, светлината од ѕвездите поминува низ нивната атмосфера и остава еден мал но забележлив белег.

27
00:03:55,510 --> 00:04:04,490
Овој белег во светлината може да ни даде информации за хемискиот состав и другите карактеристики на атмосферата на егзо - планетите.

28
00:04:07,720 --> 00:04:17,970
До сега се направени само неколку вакви деликатни набљудувања, но Системот за транзитното набљудување ќе пронајде многу нови егзо - планети.

29
00:04:18,790 --> 00:04:30,420
Системот од идната генерација за транзитно набљдување ќе обезбеди огромен број на точни податоци со кои ќе се забрза потрагата по егзо - планетите.

30
00:04:49,200 --> 00:04:53,790
Преписот е на ЕЅО, преводот е на Андреј Стојчевски.

