﻿1
00:00:07,000 --> 00:00:12,000
Европскиот Екстремно Голем Телескоп, или E-ELT,

2
00:00:12,000 --> 00:00:18,000
ќе биде најголемиот телескоп за видлива и близу инфрацрвена светлина во светот.

3
00:00:18,000 --> 00:00:26,000
Во почетокот на декември 2014, советот на ESO ја одобри првата фаза од градењето на телескопот.

4
00:00:31,000 --> 00:00:33,000
Ова е ESOcast!

5
00:00:33,000 --> 00:00:42,000
Врвна наука и животот зад сцените во ЕЅО, Европската Јужна Опсерваторија.

6
00:00:52,000 --> 00:00:57,000
За астрономијата денес поголеми, поточно многу поголемите телескопи,

7
00:00:57,000 --> 00:01:01,000
се неопходни за давање одговот на многуте важни неодговорени прашања.

8
00:01:03,000 --> 00:01:09,000
Скоро една деценија ESO работи заедно со својата корисничка заедница на европски научници

9
00:01:09,000 --> 00:01:14,000
за дизајнирање на таков нов џин - E-ELT

10
00:01:16,000 --> 00:01:20,000
Оваа одлука на советот на ESO значи дека најважните договри,

11
00:01:20,000 --> 00:01:26,000
вклучувајќи ги и оние за изградбата на куполата и структурата на телескопот, можат да бидат доделени според планот.

12
00:01:29,000 --> 00:01:35,000
E-ELT ќе има главно огледало со дијаметар од 39 метри.

13
00:01:35,000 --> 00:01:42,000
Ќе собира 13 пати повеќе светлина од било кој друг оптички телескоп во користење денес.

14
00:01:42,000 --> 00:01:45,000
Главното огледало нема да биде единечно.

15
00:01:45,000 --> 00:01:51,000
Тоа ќе се состои од 798 шестоаголни сегменти,

16
00:01:51,000 --> 00:01:56,000
секој од нив 14 метри широк и само 5 центиметри дебел.

17
00:01:59,000 --> 00:02:05,000
E-ELT има необичен оптички дизајн бидејќи користи пет огледала.

18
00:02:05,000 --> 00:02:15,000
Ова вклучува и напредна прилагодлива оптика која може да ги поправа нејасните астрономски слики настанати како резултат од атмосферски турбуленции.

19
00:02:15,500 --> 00:02:19,900
Прилагодливата оптика веќе се користи кај Многу Големиот Телескоп на ESO.

20
00:02:20,000 --> 00:02:30,000
Со користење на оваа техника, E-ELT ќе може да произведе фотографии 15 пати поостри од оние на вселенскиот телескоп Хабл.

21
00:02:34,000 --> 00:02:43,000
E-ELT ќе биде опремен и со врвни научни инструменти наменети за снимање на светлината соберена од телескопот.

22
00:02:47,000 --> 00:02:52,000
Куполата на E-ELT ќе биде вистински импозантна градба.

23
00:02:52,300 --> 00:03:02,000
Висината од 74 метри и дијаметарот од 86 метри ја прави неспоредлива со куполите на останатите телескопи.

24
00:03:05,000 --> 00:03:10,900
За идеален иден дом на E-ELT е одбран врвот на Серо Амазонес,

25
00:03:10,900 --> 00:03:19,000
планина висока 3000 метри во северниот дел на Чиле. Телескопот ќе биде на само 20 километри од Паранал, друга опсерваторија на ESO .

26
00:03:25,000 --> 00:03:31,600
Дел од врвот на Серо Амазонес беше разрушен на 19. јуни 2014.

27
00:03:31,600 --> 00:03:35,000
како почетен чекор кон порамнувањето на целиот врв.

28
00:03:39,000 --> 00:03:46,000
Оттогаш работите на планината и на патот от Паранал до Амазонес се одвиваат во најдобар ред.

29
00:03:48,000 --> 00:03:53,000
За изградбата на целиот телескоп ќе биде потребна цела деценија.

30
00:03:57,000 --> 00:04:04,500
Кога ќе почне со работа, E-ELT ќе се вклешти со некои од најголемите научни предизвици на денешнината.

31
00:04:07,000 --> 00:04:14,500
Ќе слика планети во орбита на други ѕвезди и ќе ги проучува нивните атмосфери во потрага по знаци на живот.

32
00:04:18,000 --> 00:04:22,000
E-ELT исто така ќе придонесува во развојот на космологијата

33
00:04:22,000 --> 00:04:26,700
со мерење на карактеристиките на првите ѕвезди и галаксии во вселената

34
00:04:26,700 --> 00:04:33,000
и со истражување на мистериозната темна материја и енергија.

35
00:04:36,000 --> 00:04:46,000
И не само тоа; астрономите очекуваат сознанија какви неможеме да предвидиме денеска.

36
00:04:49,000 --> 00:04:58,000
Европскиот Екстремно Голем Телескоп ќе биде огромен скок во нашата способност за набљудување на вселената околу нас.

37
00:04:58,000 --> 00:05:02,700
Најголемото око на светот вперено во небото ќе донесе изобилство нови отркитија

38
00:05:03,000 --> 00:05:06,520
и ќе револуционизира многу полиња на астрономијата.

39
00:05:07,000 --> 00:05:11,400
Ова означува почеток на една нова ера.

40
00:05:27,460 --> 00:05:31,880
Транскрипција од ЕСО; преведено од Марко Маневски

