﻿1
00:00:26,830 --> 00:00:32,286
Во сечија основа лежи прашањето за нивното потекло.

2
00:00:32,286 --> 00:00:34,496
Ова е прашањето кое свештениците,

3
00:00:34,496 --> 00:00:38,462
филозофите заедно со нас научниците, го имаме разгледувано.

4
00:00:39,462 --> 00:00:43,564
Ги истражуваме екстрасоларните планети со цел да ги пронајдеме корените на животот,

5
00:00:43,564 --> 00:00:46,661
а со тоа и корените на Вселената...

6
00:00:46,661 --> 00:00:49,362
се обидуваме да ја набљудуваме Вселената во нејзиното детство.

7
00:00:51,467 --> 00:00:55,900
А тоа е главната мотивација зад градењето на поголеми и подобри телескопи

8
00:00:55,900 --> 00:00:58,521
и сепософистицирани инструменти.

9
00:01:17,440 --> 00:01:21,792
Иако светлината патува со брзина од 300 000 километри во секунда,

10
00:01:21,792 --> 00:01:26,283
Вселената е толку голема што на светлината од небесните објекти

11
00:01:26,283 --> 00:01:28,484
и` е потребно долго време за да дојде до нас.

12
00:01:30,895 --> 00:01:35,744
На сончевата светлина и` се потребни осум минути за да помине 150 милиони колометри

13
00:01:35,744 --> 00:01:38,098
помеѓу Сонцето и Земјата,

14
00:01:38,098 --> 00:01:43,325
додека на светлината од најблиската ѕвезда, Проксима Кентаур, и` се потребни четири години.

15
00:01:45,019 --> 00:01:50,155
Нашата соседна галаксија Андромеда се наоѓа на 2.5 милиони светлосни години оддалеченост,

16
00:01:50,155 --> 00:01:53,164
што значи кога гледаме кон Андромеда,

17
00:01:53,164 --> 00:01:56,895
гледаме како изледала пред 2 милиони години.

18
00:01:57,992 --> 00:02:01,573
Со набљудување на уште пооддалечени галаксии,

19
00:02:01,573 --> 00:02:03,853
речиси на 13 милијарди светлосни години оддалеченост,

20
00:02:03,853 --> 00:02:08,763
можеме да се вратиме во историјата дури до создавањето на Вселената.

21
00:02:12,471 --> 00:02:14,519
Астрономите се замислени.

22
00:02:14,682 --> 00:02:17,354
Единствено нешто коешто можеме да го видиме е светлината.

23
00:02:17,419 --> 00:02:21,889
Всушност, повеќе сакаме да правиме експериментите како во другите науки..

24
00:02:21,889 --> 00:02:26,541
како мерење на галаксиите, или сопирање на нивното движење со цел да видиме што ќе се случи,

25
00:02:26,541 --> 00:02:28,387
но се разбира, не можеме да го сториме тоа.

26
00:02:28,387 --> 00:02:32,198
Наш единствен извор на информации е светлината.

27
00:02:38,200 --> 00:02:43,312
Нормално, можеме да правиме слики, да ја видиме формата на објектите,

28
00:02:43,312 --> 00:02:44,936
и да ја видиме нивната боја,

29
00:02:44,936 --> 00:02:47,097
но бидејќи светлината пренесува информации

30
00:02:47,097 --> 00:02:49,529
за атомите кои ја емитираат,

31
00:02:49,529 --> 00:02:53,654
со помош на квантови енергија или квантна механика

32
00:02:53,654 --> 00:02:56,192
можеме да направиме уште повеќе.

33
00:02:58,225 --> 00:03:02,373
Можеме да ги пронајдеме сигналите на тие атоми, своевиден генетски код,

34
00:03:02,373 --> 00:03:04,338
и тоа е доста моќно,

35
00:03:04,338 --> 00:03:07,670
бидејќи значи дека можеме да го утврдиме хемискиот состав,

36
00:03:07,670 --> 00:03:12,063
физиката на гасот, па дури и движењето на ѕвездите,

37
00:03:12,063 --> 00:03:14,298
благодарение на Доплеровиот ефект.

38
00:03:16,147 --> 00:03:20,567
Инструментите кои ни овозможуваат да дојдеме до информации преку анализа на светлината

39
00:03:20,567 --> 00:03:25,548
се наречени спектографи и истите ни се исклучително неопходни,

40
00:03:30,246 --> 00:03:32,169
Уште од нивното создавање во 19 век,

41
00:03:32,169 --> 00:03:35,326
спектографот претставува основна алатка во астрономијата,

42
00:03:35,326 --> 00:03:37,859
Во 90 - тите години на 20 век, нов вид на инструмент

43
00:03:38,094 --> 00:03:42,176
беше изработен во Европа: 3Д или спектограф со интегрално поле.

44
00:03:42,176 --> 00:03:46,409
За прв пат можевме да добиеме спектар на информации за една поголема област на небото,

45
00:03:46,409 --> 00:03:49,064
која содржи повеќе астрономски објекти.

46
00:03:49,064 --> 00:03:51,897
Првата генерација инструменти која се базира на овој концепт

47
00:03:51,897 --> 00:03:54,907
денес се инсталира на големи телескопи насекаде во светот.

48
00:03:54,907 --> 00:03:57,493
Со своите многубројни телескопи во Чиле,

49
00:03:57,493 --> 00:03:59,769
Европската Јужна Опсерваторија или ЕЅО,

50
00:03:59,769 --> 00:04:02,183
се наоѓа на чело на европската астрономија.

51
00:04:02,183 --> 00:04:06,175
Многу 3Д спектографи од првата генерација

52
00:04:06,175 --> 00:04:10,057
се наоѓаат во фокусот на четири Многу Големи Телескопи,

53
00:04:10,057 --> 00:04:14,450
со огледала со дијаметар од 8.2 метри, во опсерваторијата Паранал.

54
00:04:18,161 --> 00:04:21,482
Со напредокот на технологијата, да речеме после десет години,

55
00:04:21,482 --> 00:04:25,540
можеме да направиме подобра камера или подобар спектограф

56
00:04:25,540 --> 00:04:28,189
и да го ставиме на телескоп и да го направиме уште помоќен,

57
00:04:28,189 --> 00:04:30,951
но ќе ни бидат потребни од пет до десет години.

58
00:04:30,951 --> 00:04:33,434
Во почетокот на 21 век,

59
00:04:33,434 --> 00:04:39,971
во ЕЅО се креираа планови - треба да имаме идеи за нови,

60
00:04:39,971 --> 00:04:43,556
помоќни инструменти, наречени инструменти од втората генерација.

61
00:04:45,989 --> 00:04:50,873
Тендерот на ЕЅО ни даде можност да отидеме напред,

62
00:04:50,873 --> 00:04:54,048
и да предложиме нешто што се базираше врз

63
00:04:54,048 --> 00:04:57,438
се` што научивме во текот на тие години,

64
00:04:57,438 --> 00:04:59,439
нешто поамбициозно,

65
00:04:59,439 --> 00:05:02,439
што значеше дека ќе можевме да ја набљудуваме

66
00:05:02,439 --> 00:05:05,372
далечната Вселена

67
00:05:05,372 --> 00:05:08,883
и на тој начин започна проектот MUSE.

68
00:05:13,067 --> 00:05:18,709
Во минатото имавме инструменти кои функционираа како MUSE

69
00:05:18,709 --> 00:05:20,523
- спектографи со интегрално поле,

70
00:05:20,523 --> 00:05:23,141
тие прават слики и спектри во исто време,

71
00:05:23,141 --> 00:05:25,494
ги имаме веќе 20 години,

72
00:05:25,494 --> 00:05:30,196
а нашите институти во Лион и Потсдам

73
00:05:30,196 --> 00:05:34,781
успешно ги користеа во своите опсервации.

74
00:05:34,781 --> 00:05:38,827
Она што MUSE за прв пат го воведува

75
00:05:38,827 --> 00:05:41,659
е комбинацијата на оваа сопособност

76
00:05:41,659 --> 00:05:45,382
со способноста на инструментот за истражување,

77
00:05:45,382 --> 00:05:49,352
што подразбира можност да се набљудува поголем дел од небото,

78
00:05:49,352 --> 00:05:51,704
а не само една галаксија,

79
00:05:51,704 --> 00:05:56,553
туку значителен дел од небото во кој постојат повеќе работи,

80
00:05:56,553 --> 00:06:03,035
и се` со оваа спектроскопска способност.

81
00:06:03,035 --> 00:06:06,553
Ова е нов начин на занимавање со астрономија.

82
00:06:07,553 --> 00:06:11,078
MUSE, или Повеќе Деловен Спектографски Истражувач,

83
00:06:11,078 --> 00:06:15,206
е составен од 24, а не од само еден 3Д спектограф.

84
00:06:15,206 --> 00:06:17,138
Кога светлината од галаксијата

85
00:06:17,138 --> 00:06:19,160
прифатена од телескопот ќе навлезе во инструментот,

86
00:06:19,160 --> 00:06:22,844
првиот оптички елемент со кој светлината доаѓа во контакт е де-ротаторот,

87
00:06:22,844 --> 00:06:24,953
кој компензира за земјината ротација.

88
00:06:25,621 --> 00:06:29,053
Стабилизираната слика потоа се зголемува со пар огледала.

89
00:06:29,053 --> 00:06:32,551
Потоа, зракот влегува во првиот раздвојувач на полиња.

90
00:06:32,551 --> 00:06:36,209
Сликата од галаксијата се дели на 24 оддели,

91
00:06:36,209 --> 00:06:38,717
што резултира во 24 посебни оптички зраци.

92
00:06:39,931 --> 00:06:41,954
Овие зраци се дистрибуирани со помош на група на

93
00:06:41,954 --> 00:06:44,677
огледала и леќи во 24 модули.

94
00:06:47,003 --> 00:06:50,319
Светлината повторно се раздвојува во втор раздвојувач на полиња,

95
00:06:50,319 --> 00:06:53,672
наречен сечач - ремек дело на MUSE.

96
00:06:53,672 --> 00:06:57,630
Сечачот е составен од две серии од 48 сферични огледала,

97
00:06:57,630 --> 00:07:00,269
кои го делат зракот на 48 делови.

98
00:07:00,269 --> 00:07:04,681
Светлината што ја рефлектира секое мало огледало влегува во спектографот,

99
00:07:05,044 --> 00:07:07,606
каде се распрскува во согласност со својата бранова должина.

100
00:07:07,606 --> 00:07:12,079
Детекторот го регистрира спектарот на мал дел од галаксијата.

101
00:07:12,079 --> 00:07:15,572
Овој процес се повторува за сите други 48 зраци.

102
00:07:15,572 --> 00:07:19,032
Детекторот потоа целосно се осветлува.

103
00:07:19,032 --> 00:07:21,000
Истото се случува симултано

104
00:07:21,000 --> 00:07:23,512
во секоја од другите 24 спектографи.

105
00:07:23,512 --> 00:07:26,260
Резултатот од слика од 400 милиони пиксели

106
00:07:26,260 --> 00:07:30,091
во која се содржани спектарски информации за секој дел од галаксијата.

107
00:07:31,756 --> 00:07:34,797
Се разбира, ниту една лабораторија не може самостојно да започне проект

108
00:07:34,797 --> 00:07:36,983
како MUSE,

109
00:07:36,983 --> 00:07:40,036
бидејќи нема да има доволно сила или капацитет за тоа,

110
00:07:40,036 --> 00:07:43,482
затоа ги споив во една група повеќе европски лаборатории, кои

111
00:07:43,482 --> 00:07:46,241
заедно имаа експертиза за да започнат еден таков проект.

112
00:07:47,370 --> 00:07:50,108
Се придружија пет истражни лабаратории

113
00:07:50,108 --> 00:07:52,124
Центарот за астрофизички истражувања од Лион

114
00:07:52,124 --> 00:07:54,373
да ја развие MUSE заедно со ЕЅО.

115
00:07:57,942 --> 00:08:02,526
Процесот започна во 2004 со развој на концептот, дизајнот,

116
00:08:02,526 --> 00:08:05,086
и градењето во кој беа вклучени експерти од

117
00:08:05,086 --> 00:08:08,146
оптиката, механиката, електрониката и софтверот.

118
00:08:10,382 --> 00:08:15,151
Сите фази траеја 9 години и во нив беа вклучени стотици истражувачи,

119
00:08:15,151 --> 00:08:18,526
техничари и инженери кои ги надминуваа многуте предизвици,

120
00:08:18,526 --> 00:08:21,032
особено оние кои се јавија при развојот на сечачот,

121
00:08:21,032 --> 00:08:22,910
клучната компонента на MUSE.

122
00:08:25,025 --> 00:08:28,355
Мора да разберете, дека во почетокот,

123
00:08:28,355 --> 00:08:31,424
кога го лансиравме проектот, како што често се случува,

124
00:08:31,424 --> 00:08:34,222
не знаевме како да го направиме сечачот.

125
00:08:34,222 --> 00:08:37,334
Имавме направено мал прототип, и тоа беше се`,

126
00:08:37,334 --> 00:08:39,184
и како што проектот одеше напред,

127
00:08:39,184 --> 00:08:41,654
моравме да покажеме дека всушност можеме да го направиме.

128
00:08:41,654 --> 00:08:44,585
Започнавме цела батерија на тестови,

129
00:08:44,585 --> 00:08:47,788
направивме повеќе метални конструкции, со различни технологии,

130
00:08:47,788 --> 00:08:50,604
со оптичко поле, од разни произведувачи,

131
00:08:50,604 --> 00:08:52,439
во Европа и САД...

132
00:08:52,439 --> 00:08:54,679
и секојпат, не функционираше.

133
00:08:54,679 --> 00:08:58,293
Секој пат постоеше нешто кое не функционираше, па така во еден момент,

134
00:08:58,293 --> 00:09:00,849
мислевме дека проектот треба да запре

135
00:09:00,849 --> 00:09:02,388
- без сечач, без MUSE.

136
00:09:02,988 --> 00:09:06,710
И одеднаш, еден француски произведувач

137
00:09:06,710 --> 00:09:07,719
разви технологија

138
00:09:07,719 --> 00:09:11,024
со чија помош можевме конечно да го направиме сечачот,

139
00:09:11,024 --> 00:09:15,301
всушност не само еден,. туку 24!

140
00:09:15,301 --> 00:09:18,184
Се спасивме.

141
00:09:26,381 --> 00:09:29,756
Составувањето на MUSE започна во Лион во 2010 година.

142
00:09:29,756 --> 00:09:33,555
Илјадници компоненти пристигнуваат од насекаде во Европа.

143
00:09:36,323 --> 00:09:37,933
Ни требаа три години за да го составиме,

144
00:09:37,933 --> 00:09:41,990
да го калибрираме, центрираме и да го тестираме.

145
00:10:23,575 --> 00:10:29,571
Во Септември 2013 година, по завршување на последните тестови, MUSE беше разглобен,

146
00:10:29,571 --> 00:10:32,018
внимателно спакуван, и испратен во Чиле.

147
00:11:00,271 --> 00:11:02,919
MUSE пристигаше во дузини пакети.

148
00:11:02,919 --> 00:11:07,644
Неколку камионски пратки пристигнаа во Паранал, а нашата прва главна грижа беше:

149
00:11:07,644 --> 00:11:10,020
дали се` пристигна без оштетување?

150
00:11:10,020 --> 00:11:12,567
Бидејќи стануваше збор за уникатни делови,

151
00:11:12,567 --> 00:11:14,687
и ако еден дел беше скршен,

152
00:11:14,687 --> 00:11:17,686
немаше да имаме време да направиме друг за доволно кратко време,

153
00:11:17,686 --> 00:11:20,405
што ни создаваше нервози.

154
00:11:20,405 --> 00:11:21,847
Но се` помина во најдобар ред,

155
00:11:21,847 --> 00:11:23,506
и кога сите пакети

156
00:11:23,506 --> 00:11:25,856
со сите делови пристигна во Паранал,

157
00:11:25,856 --> 00:11:29,316
и видовме дека се` е во ред, мораше да ги составуваме,

158
00:11:29,316 --> 00:11:32,537
тестираме и центрираме, и за MUSE,

159
00:11:32,537 --> 00:11:35,882
кој претставува еден од најголемите инструменти инсталиран на VLT

160
00:11:35,882 --> 00:11:39,268
- најголемиот, всушност - таа фаза ни одзеде долго време.

161
00:11:40,972 --> 00:11:42,861
Најстресниот дел од овој маратон

162
00:11:42,861 --> 00:11:44,569
беше почитувањето на крајните рокови.

163
00:11:44,569 --> 00:11:49,225
Ноќите кои ни беа доделени за набљудување на небото

164
00:11:49,225 --> 00:11:51,658
беа претходно утврдени,

165
00:11:51,658 --> 00:11:54,007
и не смеевме да ги пропуштиме.

166
00:11:57,567 --> 00:12:00,968
Тоа беше ново искуство за нас, бидејќи во поранешните проекти,

167
00:12:00,968 --> 00:12:03,565
имавме разглобени инструменти,

168
00:12:03,565 --> 00:12:07,710
кои требаше да ги распоредиме во поединечни делови и потоа повторно да ги составиме,

169
00:12:07,710 --> 00:12:09,785
на телескопот на платформата,

170
00:12:09,785 --> 00:12:13,342
но за MUSE се покажа дека овој начин не е исплатлив,

171
00:12:13,342 --> 00:12:18,116
бидејќи MUSE е премногу комплициран за ваков начин на составување

172
00:12:18,116 --> 00:12:22,904
особено оние порамнувања кои требаше да бидат направени во телескопската купола.

173
00:12:25,473 --> 00:12:29,808
Беше одлучено дека ќе го кренеме целиот инструмент

174
00:12:29,808 --> 00:12:32,455
во еден обид на куполата,

175
00:12:32,455 --> 00:12:37,776
и дека единствениот начин да се внесе огромен инструмент во куполата,

176
00:12:37,776 --> 00:12:41,049
е преку отворот за набљудување.

177
00:12:44,287 --> 00:12:46,998
Замислете во каква состојба бевме пред тоа...

178
00:12:47,098 --> 00:12:50,999
Знаевме дека тоа е клучниот дел од операцијата

179
00:12:50,999 --> 00:12:54,651
и дека времето ќе игра голема улога со крајниот исход,

180
00:12:54,651 --> 00:12:57,746
бидејќи требаше да го отпакуваме инструментот

181
00:12:57,746 --> 00:13:01,438
да го оставиме надвор пред да го инсталираме на телескопот.

182
00:13:01,438 --> 00:13:05,128
Но се разбира, кога се спремавме,

183
00:13:05,128 --> 00:13:07,725
имаше силен ветер и ризик од појава на дожд.

184
00:13:07,725 --> 00:13:10,235
Затоа забавивме и почекавме,

185
00:13:10,235 --> 00:13:13,611
направивме состанок и ја погледнавме временската прогноза,

186
00:13:13,611 --> 00:13:15,587
и одлучивме да одиме напред.

187
00:13:40,915 --> 00:13:44,298
Еден од најголемите ризици беше, се разбира,

188
00:13:44,298 --> 00:13:45,614
оштетувањето на инструментот.

189
00:13:45,614 --> 00:13:49,341
Но постеше уште еден параметар: порамнувањето.

190
00:13:49,341 --> 00:13:53,888
За ова беа потрошени повеќе од два месеци во салата за интеграција,

191
00:13:53,888 --> 00:13:57,972
и ако порамнувањето не беше правилно,

192
00:13:57,972 --> 00:14:01,294
немавме да имаме друг избор освен да го вратиме повторно долу.

193
00:14:05,517 --> 00:14:11,296
И тогаш беше кренат на висина од петнаесет метри над нашите глави,

194
00:14:11,296 --> 00:14:14,116
но да бидат искрен, во тој момент,

195
00:14:14,116 --> 00:14:17,549
мислев дека ќе бидам целосно возбуден

196
00:14:17,549 --> 00:14:22,245
и стравот дека
инструментот може да падне...

197
00:14:28,967 --> 00:14:32,629
Друг критичен елемент беа телескопските огледала,

198
00:14:32,629 --> 00:14:35,898
а ќе имавме голем проблем со огледалата

199
00:14:35,898 --> 00:14:37,477
ако Сонцето ги огрееше,

200
00:14:37,477 --> 00:14:42,310
и започнавме со кревањето
околу 5-5:30 изутрина,

201
00:14:42,310 --> 00:14:44,167
и кога завршивме,

202
00:14:44,167 --> 00:14:45,828
имавме само десет минути

203
00:14:45,828 --> 00:14:47,991
пред Сонцето да допре до главното огледало,

204
00:14:47,991 --> 00:14:52,183
кога требаше да го затвориме капакот.

205
00:14:52,183 --> 00:14:56,242
Не само што беше осетлива техничка операција,

206
00:14:56,242 --> 00:14:58,929
туку истата требаше да биде завршена во ограничен простор и време.

207
00:15:34,501 --> 00:15:37,117
Тоа беше прв пат светлина

208
00:15:37,117 --> 00:15:39,592
различна од онаа амбиентална или од ламба за калибрација

209
00:15:39,592 --> 00:15:41,383
да допре до инструментот...

210
00:15:41,383 --> 00:15:45,014
светлината од ѕвезда или од галаксија, на пример.

211
00:15:48,088 --> 00:15:51,272
Сакав да го симболизирам
тој момент преку избор

212
00:15:51,272 --> 00:15:57,978
на посебен објект кој е скриен и таен, па затоа ја избрав Капетановата ѕвезда.

213
00:15:57,978 --> 00:16:01,950
Ја избрав бидејќи е
на 13 светлосни години оддалеченост,

214
00:16:01,950 --> 00:16:05,858
што значи дека светлината заминала од оваа ѕвезда во 2001 година,

215
00:16:05,858 --> 00:16:09,377
во исто време кога поднесовме понуда на тендерот на ЕЅО.

216
00:16:14,955 --> 00:16:15,983
За 13 години,

217
00:16:15,983 --> 00:16:18,281
светлината патувала низ длабоката Вселена

218
00:16:18,281 --> 00:16:20,592
со брзина од 300 000 километри во секунда,

219
00:16:20,592 --> 00:16:24,738
и пристигнала 13 години подоцна во
каналот број 6 на MUSE.

220
00:16:28,607 --> 00:16:30,199
Беше навистина симболично.

221
00:16:33,774 --> 00:16:35,303
Ова го споделив со тимот
кога ме прашаа,

222
00:16:35,303 --> 00:16:38,020
и јас им кажав
дека тоа е така бидејќи

223
00:16:38,020 --> 00:16:40,453
светлината од ѕвездата
одеше право,

224
00:16:40,453 --> 00:16:43,453
додека за нас тоа
не беше толку праволиниски.

225
00:16:49,077 --> 00:16:50,822
Тоа беше Првата Светлина

226
00:16:50,822 --> 00:16:53,781
и првиот пат кога направивме слика од небото.

227
00:16:53,781 --> 00:16:56,609
Лично, јас бев под
голем притисок,

228
00:16:56,609 --> 00:16:58,565
бидејќи го инсталиравме
инструментот

229
00:16:58,565 --> 00:17:02,058
и потоа потрошивме една недела на правилно порамнување на телескопот,

230
00:17:02,058 --> 00:17:04,794
па кога ја направивме првата слика,

231
00:17:04,794 --> 00:17:07,345
тоа исто така беше потврда
дека инструментот

232
00:17:07,683 --> 00:17:09,595
беше точно спротивно од телескопот.

233
00:17:14,563 --> 00:17:17,845
Тоа беше производ на 10 годишна
работа и беше функционално

234
00:17:17,845 --> 00:17:19,738
можевме да ги видиме ѕвездите!

235
00:17:19,738 --> 00:17:23,646
Јасно се гледаа и можевме правилно да ги подредиме.

236
00:17:23,646 --> 00:17:25,355
Бевме успешни,

237
00:17:25,355 --> 00:17:29,042
па сега можевме да им го предадеме инструментот на научниците,

238
00:17:29,042 --> 00:17:32,068
и знаевме дека тие ќе
се забавуваат со него.

239
00:17:42,190 --> 00:17:45,843
MUSE беше инсталиран, но
пред пуштање во употреба,

240
00:17:45,843 --> 00:17:48,435
требаше да помине низ серија од
тестови и приспособувања.

241
00:17:48,435 --> 00:17:51,713
Оваа фаза, позната како „пуштање во употреба“,

242
00:17:51,713 --> 00:17:53,796
налагаше многу ноќи
поминати во добивање на податоци

243
00:17:53,796 --> 00:17:55,838
за инжинерите
и истражувачите

244
00:17:55,838 --> 00:17:58,709
да ја извлечат
оптималната работа од MUSE.

245
00:18:02,909 --> 00:18:04,627
На овој екран, можеме да видиме

246
00:18:04,627 --> 00:18:09,033
реконструирана слика од подрачјето од небото кое го набљудуваме.

247
00:18:09,033 --> 00:18:12,407
Можете да видиме различни
објекти кои ги имаме обележано,

248
00:18:12,407 --> 00:18:14,873
и за секој од овие објекти,

249
00:18:14,873 --> 00:18:18,294
можете да видите
спектар кој ни дава

250
00:18:18,294 --> 00:18:20,650
карактеристики и
ни кажува што е...

251
00:18:20,650 --> 00:18:25,128
ако е галаксија, или квазар или друг објект од научен интерес.

252
00:18:28,461 --> 00:18:33,636
Еден од најголемите предизвици на проектот беше способноста да

253
00:18:33,636 --> 00:18:36,429
се анализира ефикасноста на големото количество на податоци

254
00:18:36,429 --> 00:18:38,259
до кои доаѓа инструментот.

255
00:18:39,259 --> 00:18:43,605
Видете, тој може да создаде 400 милиони бајти податоци во минута.

256
00:18:43,605 --> 00:18:46,776
Волуменот на информации може да биде значителен,

257
00:18:46,776 --> 00:18:49,583
но не е само волуменот, туку и сложеноста.

258
00:18:49,583 --> 00:18:51,965
Сликата која пристига
на детекторот

259
00:18:51,965 --> 00:18:54,929
беше кратена неколку пати
на помали делови

260
00:18:54,929 --> 00:18:56,639
со помош на сечачи и раздвојувачи на полиња,

261
00:18:56,639 --> 00:19:02,065
и затоа е исклучително сложено и треба алгоритамски треба да се утврди

262
00:19:02,065 --> 00:19:06,608
што се случило на детекторот и да се спореди со она на небото.

263
00:19:06,608 --> 00:19:13,089
Она што MUSE вооснова го создава е многу пикселни податоци на некои детектори,

264
00:19:13,089 --> 00:19:17,512
и ако го погледнете тоа нема да можете да препознаете нешто повеќе.

265
00:19:17,512 --> 00:19:20,082
Затоа е процесот сложен.

266
00:19:20,082 --> 00:19:21,547
Имаме експерт во нашиот тим

267
00:19:21,547 --> 00:19:25,952
кој го напиша софтверот за редукција на податоци,

268
00:19:25,952 --> 00:19:30,824
кој во основа ги спојува сите овие пикселни податоци за да создаде

269
00:19:30,824 --> 00:19:34,599
слики, спектар или коцка на комбинирани податоци итн.

270
00:19:37,632 --> 00:19:40,900
Во Февруари 2014 година, во текот на фазата на валидација,

271
00:19:40,900 --> 00:19:43,275
MUSE ја набљудуваше маглината Орион

272
00:19:43,275 --> 00:19:46,561
за да ја провери својата способност за анализа на големи региони на небото.

273
00:19:46,561 --> 00:19:52,132
За помалку од два часа, MUSE направи повеќе од 60 слики од маглината

274
00:19:52,132 --> 00:19:54,418
- тоа се 2 милиони спектруми -

275
00:19:54,418 --> 00:19:59,333
100 повеќе од она што беше достапно во тоа време.

276
00:19:59,333 --> 00:20:03,059
По обработката, податоците беа сместени во коцка

277
00:20:03,059 --> 00:20:06,833
составена од серија на 4000 слики од различни бранови должини.

278
00:20:06,833 --> 00:20:13,659
Анализата на овие податоци откри повеќе различни хемиски елементи

279
00:20:13,659 --> 00:20:16,867
како и физичките услови на гасот во маглината.

280
00:20:16,867 --> 00:20:21,642
Споредено со обични слики, коцката со податоци на MUSE

281
00:20:21,642 --> 00:20:25,843
е толку богата со информации што на истражувачите ќе им бидат потребни повеќе месеци

282
00:20:25,843 --> 00:20:29,298
за целосно да ја анализираат нејзината содржина и да ги објават резултатите.

283
00:20:29,298 --> 00:20:31,149
Вистинската работа е,

284
00:20:31,149 --> 00:20:33,833
тоа што го добивме од маглината Орион беше она на што се надевавме,

285
00:20:33,833 --> 00:20:36,115
дури и подбро,
беше спектакуларно.

286
00:20:36,115 --> 00:20:41,469
Бидејќи постоеше многу гас,
и тој гас беше во движење,

287
00:20:41,469 --> 00:20:47,120
и постоеја ѕвезди - топли ѕвезди - кои го возбудуваа гасот,

288
00:20:47,120 --> 00:20:50,801
што го принудува да зрачи
во различни делови

289
00:20:50,801 --> 00:20:52,547
на електро - магнетниот спектар.

290
00:20:52,547 --> 00:20:57,688
Ова можете лесно да си го претставите со шарени мапи,

291
00:20:57,688 --> 00:21:01,543
и тоа е она што
го направивме отпосле.

292
00:21:01,543 --> 00:21:05,528
И навистина, интересната работа беше тоа што ова беше реквизит

293
00:21:05,528 --> 00:21:08,694
за способностите на MUSE
но исто така содржи

294
00:21:08,694 --> 00:21:13,756
неверојатно богатство на
научно значајни податоци.

295
00:21:19,096 --> 00:21:21,113
На секои 6 месеци,

296
00:21:21,113 --> 00:21:25,054
членовите на конзорциумот MUSE се состануваат за „прометните недели“.

297
00:21:25,054 --> 00:21:27,509
Во овие времиња,
тие известуваат за статусот

298
00:21:27,509 --> 00:21:31,183
на програмата за набљудување и разговараат за последните резултати.

299
00:21:31,183 --> 00:21:35,833
Во текот на неделата, професори, докторанди и студенти

300
00:21:35,833 --> 00:21:39,065
од разни националности се среќаваат со една дел:

301
00:21:39,065 --> 00:21:41,492
да извлечат научни информации

302
00:21:41,492 --> 00:21:44,528
од светлината анализирана од
и разглобена од MUSE.

303
00:21:44,528 --> 00:21:47,737
Се истражуваат разни теми.

304
00:21:47,737 --> 00:21:53,643
Поточно, мој личен интерес
е како галаксиите,

305
00:21:53,643 --> 00:21:58,024
како што е нашата галаксија Млечен пат, како галаксиите се менуваат со текот на времето,

306
00:21:58,024 --> 00:22:02,008
како се развиваат, како биле создадени во раната Вселена,

307
00:22:02,008 --> 00:22:04,121
како можат да се развијат со текот на времето,

308
00:22:04,121 --> 00:22:07,162
што врши контрола на
нивниот развој итн.

309
00:22:07,162 --> 00:22:10,091
И знаеме дека клучен дел од тоа

310
00:22:10,091 --> 00:22:14,340
е интеракцијата со
гасот во Вселената,

311
00:22:14,340 --> 00:22:22,316
како гасот од околната Вселена се истекува во галаксијата

312
00:22:22,316 --> 00:22:24,775
и тоа е кога тие го трошат горивото од кое

313
00:22:24,775 --> 00:22:26,623
ѕвездите како Сонцето
евентуално се создаваат.

314
00:22:26,623 --> 00:22:32,865
И знаеме дека околу галаксиите постои гас,

315
00:22:32,865 --> 00:22:35,726
тоа е оној гас што останал
од Големата Експлозија.

316
00:22:35,726 --> 00:22:40,839
Тоа го гледаме при апсорпцијата во заднинските објекти,

317
00:22:40,839 --> 00:22:46,892
но тоа само претставува една димензија од сликата.

318
00:22:46,892 --> 00:22:50,037
Тоа е буквално како игла
во стог сено.

319
00:22:50,037 --> 00:22:54,298
Со MUSE, можеме
сега да видиме каде е овој гас,

320
00:22:54,298 --> 00:22:57,865
во своевиден
три - димензионален волумен.

321
00:22:57,865 --> 00:23:02,812
Она што сакаме да го постигнеме со MUSE е да го разбереме овој процес

322
00:23:02,812 --> 00:23:09,584
за тековите на гасот од околната Вселената во галаксиите.

323
00:23:13,564 --> 00:23:19,910
Можам да кажам дека Светиот Грал на моето поле на истражување беше да ја откријам

324
00:23:20,090 --> 00:23:26,001
оваа мрежа од гас за која мислам дека мора да биде таму во раната Вселена,

325
00:23:26,001 --> 00:23:28,968
од која подоцна се создавале галаксиите.

326
00:23:28,968 --> 00:23:33,658
И MUSE навистина е најдобриот инструмент

327
00:23:33,658 --> 00:23:35,667
за да се обидеме и да го видиме тоа.

328
00:23:42,874 --> 00:23:46,616
Набљудуваме квазари,
т.н квазари,

329
00:23:46,616 --> 00:23:49,071
кои се едни од најсјајните извори во Вселената,

330
00:23:49,071 --> 00:23:51,930
а квазар е супер - масивна црна дупка.

331
00:23:51,930 --> 00:23:53,675
Гасот влегува внатре

332
00:23:53,675 --> 00:23:56,128
поради гравитацијата на супер - масивната црна дупка,

333
00:23:56,128 --> 00:23:58,060
и бидејќи гравитацијата е толку силна,

334
00:23:58,060 --> 00:24:01,350
гасот се движи многу брзо додека влегува во црната дупка.

335
00:24:01,350 --> 00:24:03,250
И бидејќи се движи толку брзо,

336
00:24:03,250 --> 00:24:05,431
постои големо триење
помеѓу слоевите на гасот

337
00:24:05,431 --> 00:24:06,953
кои се движат со различни брзини,

338
00:24:06,953 --> 00:24:08,345
и гасот започнува многу да се вжештува,

339
00:24:08,345 --> 00:24:11,751
и како што се вжештува, започнува да емитира големи количества на радијација.

340
00:24:11,751 --> 00:24:15,638
Ние ги користевме
овие квазари како средства,

341
00:24:15,638 --> 00:24:18,200
не за да ги проучуваме нив,
туку како светилки.

342
00:24:18,200 --> 00:24:21,144
Бидејќи тие се толку сјајни можеме да ги видиме од другата страна на Вселената,

343
00:24:21,144 --> 00:24:25,564
и гледате светилка и потоа го проверувате тој гас,

344
00:24:25,564 --> 00:24:29,665
на патот од квазарот до вас - телескопот, набљудувачот -

345
00:24:29,665 --> 00:24:33,682
што тој гас, кој е помеѓу галаксијата и тебе, апсорбира

346
00:24:33,682 --> 00:24:36,244
потоа можете да дознаете и за гасот околу таа галаксија,

347
00:24:36,244 --> 00:24:37,902
кој можете да го набљудувате
на било кој друг начин.

348
00:24:38,902 --> 00:24:44,036
Но, за да научите како тоа е поврзано со тековите на гасот од и во галаксијата,

349
00:24:44,036 --> 00:24:47,514
треба да знаете каде е таа галаксија и тоа беше тесното грло.

350
00:24:47,514 --> 00:24:51,416
Не можевме да ги најдеме галаксии, освен оние најсјајните.

351
00:24:51,416 --> 00:24:54,307
Со MUSE можевме да гледаме и помалку видливи,

352
00:24:54,307 --> 00:24:56,391
за една до две класи од
магнитудата,

353
00:24:56,391 --> 00:24:58,035
за да можеме да најдеме повеќе галаксии.

354
00:24:58,035 --> 00:25:00,882
Всушност, разбрав дека можеме да најдеме толку галаксии

355
00:25:00,882 --> 00:25:03,710
колку што имаше видливи апсорпциони линии,

356
00:25:03,710 --> 00:25:08,629
па можевме да го поврземе гасот што го гледавме во апсорпцијата

357
00:25:08,629 --> 00:25:10,788
со галаксиите кои беа откриени со MUSE,

358
00:25:10,788 --> 00:25:13,030
и на тој начин, за прв пат,

359
00:25:13,030 --> 00:25:15,774
науќивме за гасот
кој влегува и излегува

360
00:25:15,774 --> 00:25:17,505
од далечните галаксии.

361
00:25:17,505 --> 00:25:19,597
Сето ова е важно

362
00:25:19,597 --> 00:25:23,161
бидејќи оддалеченоста во астрономијата значи враќање во минатото.

363
00:25:25,033 --> 00:25:27,041
А со MUSE можеме да го проучуваме овој процес во време

364
00:25:27,041 --> 00:25:30,975
кога галаксиите беа најактивни во историјата на Вселената,

365
00:25:30,975 --> 00:25:33,330
кои енергично раѓаа ѕвезди,

366
00:25:33,330 --> 00:25:35,793
што придонесуваше за големи експлозии

367
00:25:35,793 --> 00:25:38,292
кои враќаа гас повторно во меѓу - галактичкиот простор.

368
00:25:48,170 --> 00:25:52,031
Со јадрено дупчење на Антарктикот можеме да се вратиме назад во климатската историја,

369
00:25:52,031 --> 00:25:55,803
а тоа е исто кога
набљудуваме некоја област од небото.

370
00:25:55,803 --> 00:25:57,126
Се враќаме во минатото.

371
00:25:57,126 --> 00:26:00,544
Сега, јас сум посебно
заинтересиран во галаксии,

372
00:26:00,544 --> 00:26:02,804
тие големи групации на
милиони ѕвезди,

373
00:26:02,804 --> 00:26:05,933
и милионите галаксии
во Вселената.

374
00:26:05,933 --> 00:26:10,032
Сакаме да дознаеме кога тие биде создадени, како се развивале,

375
00:26:10,032 --> 00:26:13,908
и тоа е како едно длабоко јадрено
дупчење во Вселената

376
00:26:13,908 --> 00:26:17,171
што значи дека можеме да видиме
галаксии на различни возрасти

377
00:26:17,171 --> 00:26:21,075
- кога биле во детство, зрелост, старост итн...

378
00:26:21,075 --> 00:26:23,499
и на тој начин се обидуваме
да се вратиме во нивната историја.

379
00:26:23,499 --> 00:26:26,607
MUSE е навистина совршен
инструмент за ова.

380
00:26:26,607 --> 00:26:30,547
Мислам дека е брилијантен, бидејќи порано сакав да бидам археолог,

381
00:26:30,547 --> 00:26:33,403
и повторно ја открив мојата љубов која ја имав за тоа во мојата младост.

382
00:26:33,403 --> 00:26:36,326
Со MUSE се занимавам со археологија во Вселената!

383
00:26:38,939 --> 00:26:42,629
Во 2014, во текот на
четири ноќи,

384
00:26:42,629 --> 00:26:45,622
MUSE набљудуваше област од Хабловото Длабоко Поле.

385
00:26:47,471 --> 00:26:50,772
Ова поле беше претходно снимено во 2000 година

386
00:26:50,772 --> 00:26:52,489
со вселенскиот телескоп Хабл,

387
00:26:52,489 --> 00:26:54,443
со помош на долги изложувања

388
00:26:54,443 --> 00:26:57,443
за да се дојде до колор слики од стотици галаксии.

389
00:27:01,243 --> 00:27:05,223
Коцката со податоци на MUSE од ова поле е полно со информации.

390
00:27:05,923 --> 00:27:07,819
Со анализа на коцката,

391
00:27:07,819 --> 00:27:11,418
напредуваме во бранова должина,
од сина во инфра - црвена.

392
00:27:14,118 --> 00:27:16,460
Бројни светли точки
можат да се видат,

393
00:27:16,460 --> 00:27:18,651
кои имаат различна сјајност
и бранова должина.

394
00:27:19,651 --> 00:27:21,452
Тоа во најголем дел се галаксии.

395
00:27:22,570 --> 00:27:24,311
Од разликите во сјајност

396
00:27:24,311 --> 00:27:27,405
можеме да заклучиме дека физичките карактеристики на галаксиите

397
00:27:27,405 --> 00:27:30,861
- на пример, кои типови на ѕвезди се присутни таму.

398
00:27:30,861 --> 00:27:36,023
Сега можеме да избереме мал регион од коцката со податоци; две области поточно.

399
00:27:36,023 --> 00:27:41,322
Првата е центарот на нашата галаксија. Втората е празна.

400
00:27:41,322 --> 00:27:44,430
На лево, можеме да видиме
како се појавува спектар.

401
00:27:44,430 --> 00:27:49,108
На приближно 520 нанометри можеме да видиме сјајна емисиона линија.

402
00:27:49,108 --> 00:27:52,216
Галаксијата свети интензивно
на оваа бранова должина,

403
00:27:52,216 --> 00:27:55,364
што индицира присуство на
топол кислород во галаксијата.

404
00:27:55,364 --> 00:28:01,986
Во црвено можеме да видиме друга линија во вториот дел од коцката.

405
00:28:01,986 --> 00:28:05,744
Таму, каде претхнод
ништо не се гледаше,

406
00:28:05,744 --> 00:28:10,178
благодарение на јонизираниот водород сега се гледа галаксија.

407
00:28:10,178 --> 00:28:14,026
Со мерење на точната бранова должина на емисионата линија,

408
00:28:14,026 --> 00:28:16,966
можно е да ја утврдиме
оддалеченоста на галаксијата.

409
00:28:16,966 --> 00:28:21,353
Тоа е доста оддалечена,
13 милијарди светлосни години,

410
00:28:21,353 --> 00:28:26,295
и ја гледаме како изгледала по 1 милијарда години по Големата Експлозија.

411
00:28:29,157 --> 00:28:32,145
Квалитетот на
сликата од телескопот Хабл

412
00:28:32,145 --> 00:28:36,433
ни овозможува да прецизно да видиме
една галаксија и нејзината форма,

413
00:28:36,433 --> 00:28:38,476
но она што го гледаме

414
00:28:38,476 --> 00:28:42,561
е всушност колку светлина добива таа галаксија во точно одреден момент.

415
00:28:44,716 --> 00:28:49,151
Со спектарот, ја имаме и дистрибуцијата на енергијата на светлината,

416
00:28:49,151 --> 00:28:52,082
сите нејзини бранови должини и бои,

417
00:28:52,082 --> 00:28:56,338
и ова обезбедува многу
повеќе информации,

418
00:28:56,338 --> 00:28:59,526
како брзината со која ротираат тие галаксии,

419
00:28:59,526 --> 00:29:02,677
движењето на гасот,
хемиските елементи,

420
00:29:02,677 --> 00:29:07,155
и бројот на ѕвезди со различни возрасти - млади и стари -

421
00:29:07,155 --> 00:29:09,582
од кои се составени галаксиите.

422
00:29:11,679 --> 00:29:15,089
Со комбинација на овие информации можеме да го процениме

423
00:29:15,089 --> 00:29:17,894
стадиумот на развој на галаксијата.

424
00:29:23,405 --> 00:29:26,548
Благодарение на MUSE можеме
да го измериме растојанието

425
00:29:26,548 --> 00:29:30,852
на приближно 180 галаксии
во исто видливо поле,

426
00:29:30,852 --> 00:29:34,719
и можеме да откриеме 30 нови далечни галаксии

427
00:29:34,719 --> 00:29:38,697
во истото тоа поле кое не можевме да го видиме со Хабл.

428
00:29:41,280 --> 00:29:44,313
Знаеме дека имаме направено прекрасен инструмент,

429
00:29:44,313 --> 00:29:46,592
што денес се смета
не само од нас,

430
00:29:46,592 --> 00:29:49,100
туку од целата заедница на неговите корисници,

431
00:29:49,100 --> 00:29:51,116
дека е Ролс Ројсот на астрономијата.

432
00:29:51,116 --> 00:29:55,271
По едногодишна употреба, значителен број на статии

433
00:29:55,271 --> 00:29:57,894
беа објавени
со помош на неговите податоци,

434
00:29:57,972 --> 00:30:00,761
во најголем дел од луѓето кои не беа дел од тимот на MUSE.

435
00:30:02,061 --> 00:30:06,013
Навистина е неверојатно да се видат
луѓето надвор од проектот

436
00:30:06,013 --> 00:30:08,800
како лесно го користат инструментот,

437
00:30:08,800 --> 00:30:13,328
и остваруваат резулати - и тоа исклучително добри резултати - доста брзо.

438
00:30:32,346 --> 00:30:37,636
Во 2014 поминав нив неколку навистина исклучителни моменти.

439
00:30:37,636 --> 00:30:44,417
Беше како остварен сон; тоа беше една идеја, нејасен план кој стана,

440
00:30:44,417 --> 00:30:48,848
фантастична машина
за патување низ времето.

441
00:30:51,800 --> 00:30:56,570
Беше техничка, научна и човечка авантура.

442
00:30:56,870 --> 00:30:59,964
Низ неа успеав да се сретнам со неколку значителни луѓе,

443
00:30:59,964 --> 00:31:03,307
посветени на проектот со значителна интелигенција,

444
00:31:03,307 --> 00:31:08,548
и заеднички направивме
нешто исклучително

445
00:31:08,548 --> 00:31:10,698
нешто што ниту еден од нас
не можеше да го направи сам.

446
00:31:13,741 --> 00:31:20,237
MUSE ќе се користи од ЕЅО и од нас можеби во наредните 10,

447
00:31:20,237 --> 00:31:22,300
15 или 20 години,

448
00:31:22,300 --> 00:31:25,012
и затоа мисла дека MUSE ќе го обележи својот век

449
00:31:25,012 --> 00:31:29,059
како значен придонесувач кон научните откритија.

